Професорите од случајот „Еразмус“ си продолжиле да предаваат на Економскиот факултет

Професорите од Економскиот факултет кои беа дел од истрагата во случајот „Еразмус“, обвинети дека примале поткуп од студенти, сè уште ја извршуваат својата професорска функција.

Јавното обвинителство поднесе Предлог за забрана за превземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело за обвинетите во предметот „ Еразмус“, бидејќи професорите може да влијаат врз жртвите на кривичната постапка.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави нов Предлог за определување на мерка на претпазливост против шест лица обвинети во предметот познат во јавноста како „Еразмус”. Со цел да превенира состојби што можат да го попречат нормалното водење на кривичната постапка и за кои смета дека во овој момент од постапката се оправдани, јавниот обвинител оцени дека покрај веќе изречените мерки на претпазливост има потреба од изрекување на мерката на претпазливост „забрана за превземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело“, со времетраење до правосилно окончување на кривичната постапка.

Имено, и покрај истражната постапка, објаснуваат од Обвинителството, забележано е дека обвинетите продолжуваат да ги извршуваат своите работни активности во рамките на Економскиот факултет во Скопје и притоа се во секојдневен контакт со студенти, а со тоа и со оштетените и жртвите во кривичната постапка што се води. Со оглед на тоа што кривичните дела за кои се води постапка се поврзани како со извршувањето на нивните работни активности, така и со студентите и со меѓусебната комуникација на факултетот, јавниот обвинител цени дека со судска одлука на обвинетите треба да им се забрани да ги извршуваат работните активности до правосилното завршување на постапката.

За предметот „Еразмус” , Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од јуни оваа година постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи – Единица за корупција, спроведуваше истражна постапка против шест лица . Истражната постапка се спроведуваше поради постоење на основано сомнение дека двајца од обвинетите сториле кривично дело – Примање поткуп, едно лице кривично дело – Примање поткуп и кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание , две лица дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување и едно лице за кривично дело – Давање поткуп. Тогаш Основниот суд Скопје 1- Скопје со Решение на обвинетите им изрече мерки на претпазливост со кои се стекнаа со обврска повремено да се јавуваат на определено службено лице и кај надлежен државен орган и им беа одземени патните исправи за преминување на државната граница.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Хроника

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Read more

Екстрадиран Бесим Красниќи

Read more

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Read more

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе