Пролетно освежување: Преуредете го домот со малку пари

Не ви е потребно големо и скапо реновирање за да го освежите изгледот на вашиот дом.

 

Со неколку естетски корекции може да направите вашиот стан или куќа да изгледа ново, свежо и модерно. Секако, најважно е основата на вашето живеалиште да е здрава и стабилна, па секогаш најпрво вложувајте во поправки на домот, а потоа на разубавување.

Со промена на покривките, украсите и помали парчиња мебел, како и со прераспределба на предметите може да доловите впечаток на реновиран дом.

Чистка!

Многу е важно редовно да правите растеретување од непотребни предмети во вашето место на живеење.

Предмети што само зафаќаат место, нефункционални парчиња мебел и апарати за домаќинство, украси што не се вклопуваат едни со други... сево ова прави вашиот дом да изгледа постаро и несредено.

Кога ќе се ослободите од метежот, ќе сфатите колку многу простор всушност имате во станот или куќата.

Remote video URL

Паметно складирање

Ако немате доволно простор за складирање – немате место или финансии за нови плакари – најдете начин да ги сместите предметите на начин што е во функција на естетиката.

На пример, користете украсни кутии, плетени и метални кошници, дрвени гајби и слично за да ги сместите поситните предмети, детските играчки, списанијата, полначите за мобилен и слично.

Колку поорганизиран е просторот, толку попрактичен и послободен е, а тоа го прави и естетски попривлечен.

 

 

 

 

 

 

Направи сам

Уште еден начин да заштедите на преуредувањето на станот или куќата е научите да правите дел од работите за кои би ангажирале професионалец. Можеби за почеток бојадисување на ѕидовите или вратите ви е преголем „залак“, но почнете со едноставни чекори.

Префарбајте ја оградата на дворот или терасата, столчињата за во двор, мала дрвена кутија или гајба, а потоа продолжете со поголеми зафати.

За некои делови од мебелот доволно е да имате супер идеја: реставрирајте стар метален кревет, дрвен сандак или претапацирајте фотелја, со помош на мајстор „од доверба“. Не мора да купувате нови предмети, ако се функционални и само им треба нов лик.

Remote video URL
Тагови
реклама

Каков телефон користи Бил Гејтс?

Read more

Mercedes го претстави идниот ривал на Porsche Taycan

Read more

Русите го „издадоа“ Путин?

Read more

Голем неделен љубовен хороскоп: На кого ќе му се врати старата љубов?

Read more

Архитектура

Колку може да заштедите на сметки со топлотна изолација на домот?

Read more

40 домови од соништата: Дали би живееле овде?

Read more

Пролетно освежување: Преуредете го домот со малку пари

Read more

Зошто куќите на грчките острови се сино-бели?

Read more
 

Магазин

Како да изберете квалитетни јагоди?

Читај повеќе
  • play_arrow

Едноставен совет ќе спречи оставање траги од шминка на вашата облека

Читај повеќе

Каде грешат паровите кога сакаат да си го подобрат сексуалниот живот?

Читај повеќе

Низ Виена вози трамвај стар дури 50 години

Читај повеќе
  • play_arrow

30 минути јога тренинг за флексибилност и сила

Читај повеќе

Студија открива кое кафе треба да го избегнуваат жените, а кое мажите

Читај повеќе

Кикиритки: Поевтини од бадеми и ореви, а исто корисни

Читај повеќе
  • play_arrow

Древна шума откриена на дното на огромна дупка во Кина

Читај повеќе

Јаткастите плодови и сувото овошје може да го спречат создавањето маснотии на стомакот

Читај повеќе