Протекоа фотки и упатство од GoPro Hero 5

Најпопуларната акциона камера, GoPro, допрва треба да го претстави својот најнов модел, Hero 5. Пред извесно време на интернет се појави видео од наводниот изглед на менито на камерата, а сега протекоа фотки и дел од упатството на камерата.

Малата моќна камера генерално ќе има сличен дизајн како претходниот модел, освен предното копче што гледаме дека недостасува на протечените фотографии, објавени од јапонскиот блог Nokishita. Но ако им веруваме на видеото и на овие фотографии, најверојатно GoPro Hero 5 ќе има екран на допир, преку кој ќе се одвива навигацијата низ менито, па повеќе нема потреба од ова копче.

Сменет е и познатиот сребрено-црн финиш на уредот, со целосно мат црн изглед. Исто така, изгледа дека GoPro Hero 5 ќе биде водоотпорен и без куќиштето.

Според наводното протечено упатство, GoPro Hero 5 ќе фотографира и снима со истите резолуции како и претходниот модел, со тоа што новитет е опцијата за стабилизирање на слика, што одамна се очекуваше од оваа камера.

Вкучен е и GPS, опција за гласовни команди и мало подобрување на батеријата. 

 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фото

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Read more

Фотографијата со заспаната поларна мечка ја доби наградата за најдобра на годината

Read more

Презентирана акционата камера Insta360 GO 3, чини од 430 евра

Read more

Нова ера во развојот на фотосензори за смартфони

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе