КИНА ПОВТОРНО ИСПИША ВСЕЛЕНСКА ИСТОРИЈА

Првпат по 44 години: Примероци од Месечината стигнаа на Земјата

Кина официјално стана трета земја во светот која успешно собрала примероци од површината на Месечината, откако нејзиниот лунарен лендер Chang’e-5 успешно се врати на Земјата.

Денеска, во раните утрински часови по локално време, беспилотното летало слета на нашата планета носејќи примероци од природниот сателит на Земјата, објави кинеската државна новинска агенција Xinhua.

Примероците се земени од области на Месечината кои досега не биле посетени. Мисијата ги обезбеди првите месечеви материјали по 44 години – последната „пратка“ стигна во 1976 година кога со советската мисија Луна 24 беа собрани околу 170 грама камења од Месечината и успешно се донесени назад на Земјата.

Вселенската капсула слета во Сизиванг Банер, северно од кинескиот автономен регион Внатрешна Монголија, носејќи околу два килограми примероци, откако беше лансирана на 24 ноември.

URL

За потсетување, сондата што го носи името на кинеската божица на Месечината, слета на природниот сателит на Земјата на 1 декември на рамнината позната како Oceanus Procellarum.

URL

Според НАСА, ова големо и темно место на Месечината можеби е трага од џиновски космички удар кој предизвикал древно море од магма. Затоа, примероците од оваа област ќе им помогнат на научниците да истражат повеќе за потеклото и составот на Месечината, но и за историјата на нашиот Сончев Систем.

На снимката што ја објавија кинеските државни медиуми, се гледа како сондата Chang’e-5 безбедно слетува, а екипата за дочек слави во кадар со кинеското знаме. Напорите на Кина за истражување на вселената ја разгореа националната гордост и се приоритет на кинескиот лидер Си Ѓинпинг, кој често сборува за неговиот „вселенски сон“ како дел од пообемната визија Кина да стане сеопфатна светска суперсила.

Remote video URL

Мисијата на Chang’e-5 е најновиот успех на кинеската вселенска програма која брзо напредува, а со тоа ги надразни натпреварувачките инстинкти на Вашингтон. Ако продолжи со вакво темпо, Кина за две децении ќе го постигне истото ниво на напредок за кое на САД им требаа 40 години.

URL

Буџетот на Кина за вселенски истражувања не е јавно достапен, но непрофитната Space Foundation проценува дека е вториот најголем во светот и дека изнесува над 8 милијарди долари годишно, во споредба со оној на американската НАСА – 22 милијарди долари.

Лани Кина стана првата земја која слета ровер на „темната страна“ на Месечината – технички предизвик за кој беше потребен посебен лунарен сателит кој праќаше сигнали назад на Земјата. Во јули годинава Кина ја почна својата прва мисија за истражување на Марс и се надева дека до мај, 2021 година ќе има свој ровер на површината на „Црвената планета“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе