ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

ПСЖ за три минути стигна до полуфиналето

ПСЖ го скрши проклетството и конечно се квалификуваше во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Со два гола по 90-тата минута, парижаните ја совладаа Аталанта со 2:1 и ќе ја паметат незаборавната вечер во Лисабон и „Естадио Да Луж“.

Италијанците одиграа одличен натпревар и водеа до 90-тата минута. Марио Пашалиќ им донесе предност на избраниците на Џанпјеро Гасперини во 27 минута, а потоа имаа и неколку поповолни позиции да удвојат.

Во исто време, парижаните беа далеку од висината на задачата, а Нејмар направи еден невиден пропуст. Сепак, токму Бразилецот асистираше за израмнувачкиот гол на Маркињос во 90-тата минута, а во 93-тата го започна нападот за голот постигнат од резервата Максим Чупо-Мотинг.

Така, екипата на Томас Тухел ги надмина тешкотиите и ќе игра полуфинале во ЛШ, по несреќните елиминации во четвртфиналето во претходните сезони. Таму Французите ќе се соочат со победникот од дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Лајпциг.

ПСЖ последен пат стигна до полуфиналето на турнирот во 1995 година.

За Аталанта останува утеха што стигнаа до осумте најдобри екипи во своето деби учество во ЛШ.

Нејмар прогласен за најдобар играч на натпреварот

Нејмар беше прогласен за најдобар играч на синоќешниот натпревар во четвртфиналето во Лигата на шампионите против Аталанта.

Бразилецот ја одигра целата средба и со една асистенција придонесе неговиот тим да победи со 2:1.

По средбата, на Нејмар му беше доделена посебна награда.

– Тој беше најопасниот на теренот, рече техничкиот набљудувач на УЕФА, Космин Контра.

URL
реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе