Рамазан: Потекло, обичаи и неговите пет столбови

Посебноста на светиот месец во календарот на исламската вера датира од древниот арапски свет, а постојат пет основни насоки кои го карактеризираат овој верски празник.

Секоја година припадниците на муслиманската вера ширум светот се во исчекување на новата полумесечина која го означува почетокот на Рамазан (رَمَضَان, Рамадан) - деветтиот месец во исламскиот календар и најсветиот месец во исламската вера.

Почетокот на Рамазан се менува секоја година во зависност од фазите на Месечината. Постои Лунарен одбор, со седиште во Саудиска Арабија, кој ги одредува првиот и последниот ден од Рамазан. Новата полумесечина е слабо видлива и секогаш се појавува во траење од само 20 минути, па поради тоа е тешко да се одреди почетокот на Рамазан. Доколку видливоста на Месечината е отежната поради магла и облаци, се користат лунарни пресметки со кои се предвидува кога новата полумесечина ќе се појави на небото. Рамазанскиот пост завршува со тридневна прослава на Рамазан Бајрам.

Во текот на Рамазан, муслиманите настојуваат да ја заврстат својата духовност и поврзаност со Алах. Тоа го прават низ молитви и рецитирање од Куранот, трудејќи се своите постапки да ги прават свесно и несебично, притоа воздржувајќи се од озборувања, лаги и расправии.

Постење

Важен дел од Рамазан е постот кој трае месец дена, а муслиманите секој ден за време на постот од изгрејсонце до зајдисонце избегнуваат храна, пијалак и сексуални односи. Постот е задолжителен, а право на исклучок имаат трудниците, патниците, постарите луѓе и жените за време на менструација. Деновите кои се пропуштаат во постот можат да се надокнадат со доброволен пост кога се надокнадуваат сите пропуштени денови од Рамазан, или ден по ден било кога во годината.

Оброците во постот се прилика кога муслиманите се собираат во заедници како би направиле пауза од постот. Доручекот е пред зори и се вика сехур, а вообичаено овој оброк се одржува во 4 часот наутро, пред првата утринска молитва наречена фејр. Вечерниот оброк, односно ифтар, обично почнува по вечерната молитва - махреб, околу 19:30 часот. Според преданијата, пророкот Мухамед го прекинувал постот јадејќи урми со чаша вода, па муслиманите обавезно го јадат ова овошје богато со шеќер и тоа за време на двата оброка.

Урмите се богати со хранливи состојки, лесни се за дигестивниот систем и го хранат организмот со шеќер за време на исцрпувачкиот ден кога се пости.

Оригиналното потекло на Рамазан

Рамазан е месец кој постоел и во календарот на древните Арапи. Самото име Рамазан потекнува од арапскиот збор الرَمَضُ (ар-рамад) кој во превод значи ужасна горештина. Муслиманите веруваат дека во 610 година ангелот Габриел му се појавил на пророкот Мухамед подарувајќи му Куран (أَلْقُرآن, ал-кур'ан), светата книга на исламот. Се верува дека таа легендарна „Ноќ на откритијата“  се случила за време Рамазан, а преку постот муслиманите му оддаваат чест на откривањето на Куранот.

Куранот се состои од 114 поглавја и се смета дека во него се запишани директните зборови на бог - Алах (الله). Хадисите се мисли и пораки на пророкот Мухамед кои заедно со божјите зборови ги прават религиските текстови на исламот.

Петте столбови на Рамазан:

  1. Савм: за време на Рамазан задолжителен е пост од зори до самрак.
  2. Шахада: Верување дека не постои друг бог ниту божество освен единствениот бог Алах и вера во неговиот пророк Мухамед (мир за него).
  3. Закат: обичај на дарување во хуманитарни цели.
  4. Салат/намаз: молитва пет пати на ден.
  5. Хаџилук/хаџ: аџилак во Мека, важно е секој муслиман барем еднаш во животот да ја посети Мека, доколку е во можност.
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе