ФОРМУЛА 1 2023

Расел: Ред Бул ќе победи на сите трки сезонава

Ф1
Ф.З.
/ 06.03.2023 / 16:55

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, верува дека тимот на Ред Бул ќе победи на секоја трка оваа сезона, врз основа на брзината и сигурноста што ја покажаа во условите на трката откако ден претходно го обезбедија првиот ред во квалификациите.

Ред Бул доминираше во првиот викенд од сезоната во Бахреин и со тоа го оправда статусот на фаворит во пресрет на новата сезона, а Леклер им беше најблизок конкурент сѐ додека не се откажа во 40-тиот круг.

Мерцедес имаше лош викенд во кој завршија како четвртопласирана екипа по неверојатниот подвиг на Астон Мартин кој си обезбеди подиум со третото место на Алонсо.

Како седми, Расел беше најлошо пласиран меѓу возачите на четирите најдобри тимови, без Леклер, а во последниот дел од трката беше претекнат од Строл, кој се мачеше со болидот по пропуштените тестови.

„Ред Бул го осигура ова првенство, не верувам дека некој ќе може да се бори со нив годинава“, рече Расел.

„Очекувам да победат на секоја трка сезонава. Тоа е мојот облог“.

„Со вакви настапи, не гледам некој што може да ги предизвика“.

Најблиску до перфектна победа во една сезоната беше тимот на Мекларен Хонда во 1988 година со Аиртон Сена и Ален Прост, кои победија на 15 од 16 трки (93,75%), а втор беше Мерцедес во 2016 година (19/21 = 90,48%) со Луис Хамилтон и Нико Розберг.

И додека Ред Бул имаа не толку голема предност од 0,292 секунди пред Леклер во Ферари, кој не го возеше последниот Q3 круг, во трката предноста беше многу поголема, па Верстапен беше и за секунда побрз во некои делници.

Покрај тоа, Расел вели дека брзината на Ред Бул овој викенд беше релативно полоша отколку при тестирањата.

„Нивната брзина овој викенд беше побавна отколку при тестирањата, што е малку чудно“, рече тој.

„Но, знаете, во моментов им е лесно и можат да прават што сакаат“.

„Можеби нема постојано да бидат на пол позициите, бидејќи знаеме дека Ферари е многу брз во квалификациите. Но, кога станува збор за брзината на трката, мислам дека тие се во многу, многу силна позиција“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе