Раул Гонзалес е новиот селектор на ракометната репрезентација

Раул Гонзалес го наследи Лино Червар на селекторската позиција во ракометната репрезентација на Македонија. Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и стратегот на Вардар потпишале договор до 1 септември, 2020 година.

Управниот одбор на РФМ на седницата одржана денес едногласно го изгласала предлогот Раул Гонзалес да биде новиот селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија, откако претходно и официјално е раскинат договорот со Лино Червар, кој на клупата на националниот тим се задржа 10 месеци.

„Во текот на март бевме активни на оваа тема и на седницата на УО на РФМ едногласно беше одлучено селектор на репрезентацијата да биде Раул Гонзалес. Мора да изразам задоволство што наш селектор ќе биде еден модерен светски тренер, кој е докажан во ракометниот спорт и се надеваме дека системот на работа од Вардар ќе успее да го наметне и во репрезентацијата на Македонија. Идеата е да работиме долгорочно“, рече на промоцијата на новиот селектор претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

Федерацијата и шпанскиот тренер потпишаа договор кој започнува да важи од 1 април, 2017 до 1 септември, 2020 година.

„Потпишавме договор тој да биде селекторот од 1 април до 1 септември, 2020 година, но циклус за циклус ќе разговараме за активностите кои ги имаме ние како федерација и Раул Гонзалес како селектор“, дополни Мукаетов.

Раул Гонзалес во своето прво обраќање до јавноста најпрвин изрази благодарност до сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко, односно до РФМ за укажаната доверба, истакнувајќи му преставува голема чест што ќе биде селектор на Македонија.

Новиот селектор побара една недела за да се запознае со новата работа, а потоа ќе ги избере своите асистенти.

„Ќе преферирам асистентите да бидат домашни тренери“, рече Раул Гонзалес, кој како селектор ќе дебитира на 4 мај, на квалификацискиот натпревар против Исланд.

„Немаме многу време до тој прв натпревар, размислувам за играчите и размислувам за Исланд. Преферирам да бидам мирен, но ќе одиме чекор по чекор. Добро е што не морам да патувам, бидејќи сум тука.“

Раул сè уште не решил каков ќе биде начинот на играта на репрезентацијата, но јасно е дека стилот на игра кој тој го негува се разликува од оној кој го практикува Лино Червар.

„Сакам да играм како што игра Вардар, но тоа ќе решам кога ќе се запознаам со играчите. Но секогаш сум отворен за разни варијанти, сакам да тренирам со многу играчи, не верувам дека треба да работам со 17 играч. Некогаш на тренинг подобро може да се согледаат работите“, рече Шпанецот.

Македонија по дуелот со Исланд на 4 мај, против истиот противник ќе одигра реванш на 8 мај, а квалификацискиот циклус ќе го заврши со натпреварите против Украина на гости, на 15 јуни и против Чешка во Скопје на 18 јуни. 

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Ракомет

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Read more

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Read more

Штербик имал срцев удар

Read more

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Read more
 

Спорт

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ блесна и му донесе израмнување на Далас во серијата против Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Леверкузен го собори рекордот без пораз и ќе игра финале во Лига Европа против Аталанта

Читај повеќе
  • play_arrow

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Читај повеќе

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Читај повеќе