Ребиќ се спаси од суспензија за навредувањето судија

Италијанскиот фудбалски сојуз ја намали казната за Анте Ребиќ и тој ќе може да игра на натпреварот во Милано против Сампдорија в сабота.

Рабиќ беше казнет со забрана за играње на два натпревари откако го навреди судијата за време на натпреварот против Наполи.

Ова е епилогот од жалбата што клубот ја испрати откако Дисциплинската комисија на Италијанскиот фудбалски сојуз му одреди казна на Ребиќ кој, доколку е подготвен и ако влезе во изборот на тренерот Стефано Пиоли, ќе може да се врати на терен.

Ребиќ го пропушти натпреварот против Фиорентина поради казната, а казната за вториот натпревар на кој не смееше да настапи е сменета во парична глоба во износ од 15.000 евра.

За потсетување, Ребиќ доби црвен картон пред 15 дена во првата минута од судиското надополнување на натпреварот во кој влезе од клупа во 60. минута кога Милан губеше. Ги остави соиграчите без шанса да спасат барем еден бод затоа што безобразно го навреди судијата Фабрицио Пасква, кој за тоа му даде црвен картон.

Италијанските фудбалски фанови кои го гледаа преносот не можат да се согласат што точно рекол Ребиќ, па некои тврдат дека му рекол „кучкин син“, а други дека го навредувал со зборовите: „Ја видов мајка ти, проститутка е во Неапол“.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе