Relativity Space лансираше 3D печатена ракета, но не стигна во орбитата

Relativity Space конечно ја лансираше својата 3D печатена ракета по неколку неуспешни обиди, но резултатите беа измешани.

Ракетата Terran 1 успешно полета од Кејп Канаверал, но не стигна до орбитата. Моторот од втората етапа работеше само кратко, а сè уште не е познато што го предизвикало откажувањето. Relativity вети дека во наредните денови ќе објави детали.

Сепак, и покрај конечниот резултат, компанијата смета дека мисијата е успешна. Terran 1 издржа Max-Q, односно максимален динамички притисок. Ракетата не превезувала никаков товар, туку првиот метал што бил произведен со помош на системот за 3D печатење на компанијата.

Двата претходни обиди за лансирање не успеаја поради проблеми, имаше потешкотии при ладењето на горивото за време на првиот обид, додека вториот беше нарушен со софтверска грешка што предизвика моторот автоматски да се исклучи веднаш по лансирањето.

Remote video URL

Relativity го користи „потрошливиот“ Terran 1 за да ја демонстрира одржливоста на својата техника за 3D печатење пред планираното лансирање на ракетата Terran R за повеќекратна употреба во 2024 година. Процесот на производство теоретски овозможува поедноставни и посигурни ракети кои се поевтини за изработка и можат да бидат готови за неколку недели. Ова на крајот може да ги намали трошоците за лансирање на сателити во орбитата.

Иако ова лансирање претставува напредок, притисокот за целосен успех се зголемува. Relativity веќе има договори кои вклучуваат лансирање на сателитот на OneWeb, како и комерцијална мисија на Марс договорена со Impulse Space. Ривалите како SpaceX, Blue Origin и Rocket Lab не стојат во место, така што секој проблем ги ограничува шансите на Relativity да успее во својот бизнис.

реклама

TikTok трик за гламурозна фризура без фенирање

Read more

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Се враќа евтината дневна тарифа на струјата

Read more

Вести

Со УВ светло откриле скриено поглавје во Евангелието по Матеј

Read more

Кина првпат испраќа цивилен астронаут во вселената

Read more

Јапонија планира да пренесува соларна енергија од вселената на Земјата

Read more

Париз предупреден: Денеска ќе „наврне“ 40 килограми пластика

Read more
 

Гик

Како да проверите дали некој ви ја „хакнал“ лозинката?

Читај повеќе

Со УВ светло откриле скриено поглавје во Евангелието по Матеј

Читај повеќе

Кина првпат испраќа цивилен астронаут во вселената

Читај повеќе

Нови детали за телефонот кој треба да биде конкуренција на iPhone

Читај повеќе

Јапонија планира да пренесува соларна енергија од вселената на Земјата

Читај повеќе

Париз предупреден: Денеска ќе „наврне“ 40 килограми пластика

Читај повеќе
  • play_arrow

Стигна конкуренцијата: Полета првиот кинески патнички авион C919

Читај повеќе

Twitter се повлече од доброволниот кодекс на ЕУ во борбата против дезинформации

Читај повеќе
  • play_arrow

Компанија на Маск доби дозвола да тестира мозочни чипови на луѓе

Читај повеќе