Ризикот од хоспитализација со делта е двојно поголем отколку со претходната варијанта

Ризикот од хоспитализација поради зараза со делта варијантата на COVID-19 е двојно поголема отколку во случај на зараза со алфа варијантанта, покажуваат реултатите од нова студија на Универзитетот Кембриџ.

Научници од Универзитетот Кембриџ и Агенцијата за јавно здравје на Англија анализираа повеќе од 40.000 случаи со COVID-19 во Англија.

Резултатите се објавени во Lancet Infectious Diseases, а се однесуваат на невакцинираните, додека за целосно вакцинираните не може да се извлечат податоци од анализираните податоци.

Досега студиите докажуваа дела делта варијантата е позаразна, но немаше цврсти податови за ризикот од тежок облик на COVID-19.

Истражувачите открија дека ризикот од хоспитализација е просечно 2,26 пати поголем кај делта варијантата.

Од 40.000 случаи од студијата само 1,8% биле целосно вакцинирани, што истражувачите го интерперетираат како потврда на голема ефикаснот на вакцините.

Од заразените во студијата 74% биле невакцинирани, а 24% делумно вакцинирани.

„Нашата анализа нагласува дека во недостатокот на вакцинација секоја епидемија на делта варијантата ќе наметне поголем товар на здравствениот систем отколу епидемијата со алфа варијантата“, изјави Ен Пресанис, една од авторктие на студијата.

Таа понатаму додава:

„Целосната вакцинација е клучна за намалување на индивидуалниот ризик од симпотоматска инфекција со делта варијантата и што е исто важно, за намалување на ризикот од тешка болест и хоспитализација за пациенти заразени со делта варијантата“.

Делта варијантата првично е забележана во Индија и сега е доминантна во многу земји. Експертите очекуваат да ги надвладее другите варијатни на глобално ниво, освен ако не се појави уште позаразен сој.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Здравје

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

4 несакани последици кои може да се јават ако јадете премногу леб

Read more

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе