Родители на ученици од „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ нема да ги пуштат децата на училиште

Родителите на учениците од едно одделение во ООУ „Димитар Поп Георгиев –  Беровски“ во Ѓорче Петров денеска нема да ги пуштат децата на училиште поради незадоволство од смената на одделенските наставници.

„Причина за оваа одлука е смената на одделенските наставници од IIa одделение со целодневна настава, К. Б.  и А. М, без никаква најава и за време на зимскиот распуст. Во основното училиште ‘Беровски’ десетина наставници работеа со договор на определено време.  На петмина не им се продолжени договорите. Од тие пет дури двајца се одделенски наставници од исто одделение – IIa. Имаме објективни причини да се сомневаме и за непотизам при вработување на кадрите, дел од нив се во блики роднински врски со вработен на висока функција во општината Ѓорче Петров“, се вели во известувањето од родителите.

Тие на средба со директорката на училиштето побарале на двајцата наставници да им се продолжат договорите барем до крајот на учебната година со цел да се намали, како што велат, психолошкиот шок и да ги заштитиме децата кои и онака се во процес на адаптација зашто во септември една од наставничките веќе им се промени.

„Големо разочарување предизвика нејзиното неизлегување во пресрет особено што таа, директорката, дозволи истовремено двајцата наставници да се отпуштат. Училиштето е установа која треба да ги штити интересите на своите ученици обезбедувајќи им континуирано  квалитетна обука, а не да ги става пред свршен чин менувајќи им ги наставниците за време на зимскиот распуст. Доказ за постојаните промени на наставници во ова училиште е и фактот што во една паралелка за време од три и пол години се сменети дури петмина наставници. Ние родителите, револтирани од ваквата ситуација, свесно и на штета по нашите деца, се одлучивме на непопуларен чекор – бојкот на настава, од причина што никој од релевантните фактори нема слух за нашиот проблем“, се вели во соопштението.

Родителите побарале и средба со градоначалникот Александар Наумовски на коja, како што велат, ќе побараат одговори на сите прашања во врска со кадровските решенија.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе