Рускоска: Акцијата „Планина“ беше пробиена, наркобосовите се во бегство

Речиси една година двајца обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги следеле двете криминални групи во полициската акција „Планина“, чии членови беа уапсени вчера во Грчец и Гази Баба.

Собрани биле доволно докази дека се занимавале со недозволена трговија со дрога, при што се користело следење на комуникациите, тајно следење и снимање надвор од приватен имот. Наркобосовите на двете групи се во бегство.

Ова го изјави денеска на прес-конфренција шефицата на Основно јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, која информираше за текот на операцијата.

Во село Грчец се извршени претреси на 26 локации, лишени се од слобода 13 лица, од кои за девет лица е определена мерка притвор, за три мерка куќен притвор и за едно лице мерки за претпазливост. Од оваа група пет лица се недостапни. Еден од привдените бил малолетник.

Во Гази Баба извршени се претреси на девет места, осум лица се приведени и се наоѓаат во притвор, а по едно лице се трага. 

Рускоска наведе дека  од двете групи се одземени повеќе од 80.000 евра, повеќе од 300.000 денари и петстотини франци. Како што посочи, се уште не се спроведени вештачењата на одземените наркотични средства, па поради тоа не може да информира за точната количичина, но како што наведе, станува збор за над пет килограми марихуана и околу  околу 600-700 грама кокаин.

– Најголемиот дел од парите и од запленетата наркотична дрога се пронајдени при претресите во Гази Баба, додека многу малку е пронајдено и одземено во Грчец. Имаме сознанија дека акцијата во село Грчец е пробиена, истакна Рускоска. 

Таа посочи дека двете групи ќе се водат во два одделни случаи бидејќи немаат докази дека дејствувале заедно.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Хроника

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Read more

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Read more

Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината жена од Аргентина

Read more

Две девојки повредени откако со возилото излетале од патот Скопје – Тетово

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе