САД: Руски генерали разговарале за нуклеарна војна, Путин не бил на состанокот

Високи руски воени лидери неодамна разговарале кога и како Москва би можела да употреби тактичко нуклеарно оружје во Украина, според американски официјални претставници.

Рускиот претседател Владимир Путин, наводно, не учествувал во споменатиот разговор, но фактот дека воениот врв разговарал за тоа, ја загрижил администрацијата на Џо Бајден. Тоа покажува дека руските генерали се фрустрирани од неуспесите на бојното поле и дека заканите на Путин за употреба на нуклеарно оружје не се само празни зборови.

Американските власти, сепак, наведуваат дека досега не виделе докази дека Русија преместува нуклеарно оружје или презема други тактички подготовки за таков напад, пишува New York Times

Кога станува збор за боеви глави распоредени на интерконтинентални балистички ракети, ракети лансирани од подморници и нуклеарни боеви глави распоредени во авиони, Русија има 1.549 такви боеви глави, додека САД имаат 1.420.

Информациите за разговорот на руската команда пристигнаа во исто време кога Москва ја обвини Украина дека планира да ја користи таканаречената „валкана бомба“ - експлозив со радиоактивен материјал. Ова беше проследено со серија контакти меѓу американските и другите западни функционери и нивните руски колеги, вклучително и два разговори меѓу американскиот секретар за одбрана Лојд Џеј Остин и рускиот Сергеј Шојгу.

Иако ризикот од понатамошна ескалација останува загрижувачки, претставници на администрацијата на Бајден велат дека телефонските разговори меѓу западните и руските колеги кон крајот на минатиот месец донекаде ги намалиле стравувањата од нуклеарни тензии.

Кон ова придонесе говорот на Путин минатиот четврток во кој тој негираше дека Москва се подготвува да употреби нуклеарно оружје во Украина.

„Не гледаме потреба за тоа. Тоа нема смисла, ниту политички, ниту воено“, рече тогаш Путин.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе