САД воведоа нови санкции кон Русија

САД денеска соопштија дека воведуваат нови санкции кон Русија со кои ќе се наруши синџирот на снабдување на рускиот воен апарат и финансиските мрежи поврзани со Кремљ, меѓи кои и фирми во Франција и во Швајцарија.

Американското Министерство за финансии и Стејт департментот соопштија дека санкции се воведени за руската компанија за електроника Миландр и за параван фирмите во Ерменија, Тајван и Швајцарија поврзани со руската компанија.

Како одговор на неиспровоцираната војна на Москва против Украина, САД продолжуваат да ги нарушуваат руските воени синџири за снабдување и да наметнуваат големи трошоци за оние кои му помагаат на претседателот Владимир Путин, како и на секој што ја поддржува бруталноста на Русија против својот сосед, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

САД воведе санкции и за членовите на семејството на рускиот олигарх Сулејман Керимов, кој веќе е под руски санкции, вклучително и една од неговите ќерки, Гулнара Керимова, која поседува четири агенции за недвижности во Франција. Санкции се воведени и за швајцарската државјанка Лорен Кач, која раководи со овие агенции.

Новите ограничувања се насочени кон менаџментот на руско-малтешката авиокомпанија „Император авијација“, која организира луксузни патувања за семејството Керимов.

Меѓу лицата кои се санкционирани е и Александр-Валтер Студхалтер, кој има клучна улога во финансиската мрежа на Керим, како и рускиот бизнисмен Мурат Алијев и субјектите поврзани со него.

Санкции се воведени и за уште две швајцарски холдинг компании поврзани со Андреј Григоријевич Гуријев, поранешен руски сенатор близок до Владимир Путин.

Со американските санкции се замрзнуваат и евентуалните имоти на овие лица во САД и се забрануваат какви било интеракции меѓу нив и американски или други банки.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе