Салцбург штеди: Порано ќе ги исклучува светлата на главните знаменитости

Австрискиот град Салцбург, среде туристичката сезона, ги исклучува светлата на главните атракции еден час порано за да заштеди електрична енергија во време кога земјата, како и цела Европа, се соочува со енергетска криза која се наѕира.

Почнувајќи од понеделник, рефлекторите што ги осветлуваат главните знаменитости, вклучително и тврдината Хоензалцбург, ќе бидат исклучени еден час порано, на полноќ, најави градскиот советник Мартина Бертолд.

Затемнувањето на светлата во Хоензалцбург, една од најголемите средновековни тврдини во Европа што се издигнуваат над центарот на градот, ќе биде особено ефикасно бидејќи бара околу 13.000 вати, рече Бертолд.

Со мерката ќе бидат погодени и црквите и спомениците во градот во северозападна Австрија.

Оваа мерка доаѓа во исто време кога реномираниот музички и драмски фестивал во градот Салцбург е во полн ек, настан на кој обично присуствуваат стотици илјади посетители.

Во блискиот Линц, градските власти деновиве најавија дека во 23 часот ќе бидат исклучени светилките на мостовите и другите јавни објекти.

Градот Фелдкирх, во западната австриска провинција Форарлберг, најави дека планира да престане да го осветлува својот историски центар на градот ноќе, не само за да ги намали трошоците за електрична енергија, туку и да ги мотивира граѓаните да штедат енергија, изјави градоначалникот Волфганг Мат.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе