Samsung на конференцијата DisplayWeek во Сан Франциско претстави 5,5 инчен екран со 4К резолуција кој е дизајниран за VR, а со резолуцијата од 3840x2160 нуди 806 пиксели по инч, изгледа импресивно и нуди одлична светлост, боја и контраст.
Актуелните врвни смартфони на компанијата Galaxy S7 и S7 Edge имаат Quad HD екрани со резолуција 2560x1440 пиксели.
Samsung на настанот претстави нова технологија фокусирана на VR која се вика Bio Blue, а прикажува помалку потенцијално штетна сина светлина (6 проценти во однос на 32 проценти кај AMOLED екраните) и им овозможува на корисниците подолго време да уживаат со VR технологијата.