Се јави „селекторот“ Ибра: Сите ме напаѓавте, а сега лижете г*з

Познатиот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ се „препорачува“ како советник на Дидје Дешан.

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ не е навикнат да дава протоколарни изјави, но секогаш кога зборува - или некого ќе налути, или ќе насмее.

Така беше и овојпат кога зборуваше за Карим Бензема, официјално најдобриот светски фудбалер за претходната сезона, кој извесно време беше „трн во око“ на сите во Франција. Познато е дека причината за ова е познатиот секс-скандал со Валбуена, поради кој Бензема беше исфрлен од репрезентацијата, а во тоа време Ибрахимовиќ беше еден од ретките кои застанаа на негова страна додека медиумите редум го прозиваа.

„Се сеќавате ли во 2018 година кога реков дека Карим Бензема заслужува место во француската репрезентација, а вие новинарите ме нападнавте. Што велите сега? Сега му лижете г*з на Бензема! Не се плашам од овие зборови“, рече Ибрахимовиќ. за време на гостувањето на една француска телевизија.

Ибрахимовиќ го „пецна“ Дидје Дешан затоа што не го однесе Бензема на Светското првенство во Русија, но и без него тимот успеа да ја освои титулата. Тогаш Оливје Жиру го предводеше нападот, кој иако не постигна ниту еден гол на турнирот, беше еден од најважните играчи во системот на Дешан. Жиру пред почетокот на Европското првенство го загуби местото во тимот и на негово место дојде Бензема, но со него во тимот не успеаја да стигнат до пехарот.

Ќе видиме како ќе се снајде француската репрезентација со Бензема во Катар и дали најдобриот светски фудбалер сега ќе даде поголем придонес, но сепак сè зависи од тоа како ќе се вклопи со Мбапе и Гризман. Само, сега ќе ги нема Канте и Погба да им чуваат грб.

Можеби Дешан би можел да му се јави на Ибрахимовиќ и да праша кого да викне наместо нив, бидејќи самиот се препорача како советник на францускиот селектор кој во групната фаза ќе ги подготвува натпреварите против Австралија, Данска и Тунис.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе