Што може да очекуваме?

Сè што знаеме до сега за Nintendo NX

Nintendo Wii U потфрли во очекувањата. Слабата продажба, конфузијата за што всушност конзолата е способна, како и фрустрирачкиот недостаток на клучните Nintendo франшизи, придонесоа за едно поглавје кое компанијата сака да го заборави што побрзо.

Последните вести сугерираа дека Nintendo ќе го прекине производството на Wii U на крајот од годинава, иако гласините подоцна беа демантирани од компанијата. И покрај судбината на Nintendo Wii U, се чини дека Nintendo NX ќе биде лансиран побрзо отколку што мислевме.

Дали Nintendo научи нешто од грешките кои ги направи со Wii U останува да видиме.

Направивме преглед на сè што знаеме или сè што мислиме дека знаеме, како и сè што сакаме да знаеме за нареднaта конзола на Nintendo.

Знаеме дека ќе има подобра поддршка за трети страни

На Nintendo му е потребна поддршка за трети страни за NX да успее. Издавачите како Ubisoft и EA кои се оттргнаа од Wii U беше голем минус за продажбата, а Nintendo го сфати ова.

Иако Nintendo има силни наслови, без други девелопери и издавачи позади нив со NX би ризикувал повторно да биде само уште една конзола за Nintendo хард кор публиката - пазар кој не е ни приближно голем колку што Nintendo сака да верува дека е.

Тоа што е сигурно е дека Nintendo ќе почне да соработува со поголем број на надворешни компании кои ќе помогнат NX да добие силен лајнап на наслови - како ексклузивни, така и франшизи кои се присутни на другите конзоли. Една од гласините е дека Ubisoft веќе работи со Nintendo на Beyond Good and Evil 2, a знаеме и дека компании како Monolith и EA моментално работат на платформата. Други гласини ги поврзуваат и Capcom, Square Enix, SEGA, Activision и Warner Bros. со конзолата.

Знаеме дека Nintendo се фокусира на интеграција помеѓу платформи

До сега, имаше доволно муабети за да се сфати дека Nintendo NX ќе има интеграција помеѓу козолата, контролерот со разни други уреди (како таблети и смартфони).

Иако овој формат беше присутен како клучен дел од Wii U, со NX се очекува да ги постави работите на целосно поинакво ниво. А доколку се покажат како вистинити и гласините за стримање на 4К видео, тогаш може да видиме навистина неверојатни работи.

Ќе има нова шема за лојалност

Компанијата ја објави официјално новата замена на Club Nintendo која сега ќе се вика My Nintendo. Системот ќе ги наградува играчите со поени за купување софтвер и играње игри кои потоа може да бидат употребени за купување и преземање на содржини или други игри.

Гејмерите во денешно време очекуваат награди, а сигурно е дека Nintendo ќе им ги даде.

Мислиме дека ќе поддржува 4К стримање на видео и 900р гејмплеј

Се очекува Nintendo NX да има поддршка за Ultra HD 4K видео стриминг и 900p/60fps гејмплеј, со што ќе биде прва ваква козола на пазарот.

Мислиме дека ќе биде лансиран годинава

Поради слабата продажба на Wii U, Nintendo сака да ја пополни дупката во финансиите што побрзо. Според одредени извештаи од девелопери поврзани со Nintendo NX, како и серија извештаи од анализа на индустријата кои ги мерат навиките на потрошувачите, Nintendo се подготвува да ја лансира новата конзола кон крајот на годинава, најверојатно на есен.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе