Седум трикови како да ви трае подолго батеријата на лаптопот

Ако брзо ви се троши батеријата на лаптопот, можно е ненамерно да правите некои работи погрешно. Но, постојат неколку трикови кои можат да го продолжат траењето на батеријата.

1. Затемнете го екранот

Ова можеби не ви изгледа како голем проблем, но позадинското осветлување на екранот е една од најмоќните компоненти на лаптопот, а колку е посветло, толку побрзо се троши батеријата. За да ја намалите осветленоста на екранот, доволно е да го пронајдете копчето за осветленост на тастатурата на лаптопот, а најчесто тоа е едно од копчињата „F“ на горниот дел од тастатурата. Обично ќе го препознаете посимболот на сонцето. Друг начин е да ги пронајдете поставките за осветленост и потоа да го прилагодите нивото што го сакате.

2. Затворете ги сите апликации што работат во позадина

Програмите и апликациите често се извршуваат во позадината на вашиот компјутер без вие дури да бидете свесни за тоа. Затоа, батеријата се троши побрзо, па затоа се препорачува да ги исклучите сите апликации што „брчат“ во позадина за да ви трае батеријата подолго.

Ако користите Windows 10, пронајдете ја опцијата Battery Saver и овој режим ќе се вклучи кога ќе ви останат 20% од батеријата. Ако користите MacBook, пронајдете ја опцијата Power Nap што ќе ви овозможи батеријата да трае подолго.

3. Исклучете Wi-Fi и Bluetooth кога не ги користите

Ако Wi-Fi и Bluetooth се вклучени и не ги користите, тоа може да ја потроши батеријата. Покрај тоа, батеријата ќе се потроши затоа што вашиот лаптоп бара мрежи за поврзување доколку се вклучени овие опции. И двете опции можете да ги најдете во поставките.

4. Не оставајте го лаптопот постојано на полнач

Ако вашиот лаптоп се полни цел ден, тоа исто така може да ја потроши вашата батерија. Ако сакате да ја заштитите батеријата и да и го продолжите животниот век, исклучете го лаптопот кога е делумно наполнет. Ова ќе го намали стресот на батеријата и ќе го продолжи животот на батеријата.

5. Избегнувајте екстремни температури

Екстремните температури влијаат и на батеријата. Ако забележите дека лаптопот премногу се загреал, исклучете го и оставете го да се одмори. Ова не само што ќе ја спаси батеријата од оштетување, туку исто така ќе ви помогне да ја зачувате преостанатата батерија.

Треба да избегнувате и изложување на вашиот лаптоп на екстремно ниски температури. Ова може да предизвика „замрзнување“ на батеријата, предизвикувајќи порано да се истроши.

6. Ажурирајте ги софтверот и апликациите

Главниот фокус на ажурирањата на оперативниот систем е да се направат промени што ќе помогнат да се заштеди траење на батеријата, па ако ги избегнувате ажурирањата, може да предизвикате батеријата да се испразни побрзо отколку што треба.

Не фокусирајте се само на ажурирања на оперативниот систем. Внимавајте и на ажурирањата на апликациите бидејќи тоа може да ја намали потрошувачката на батерија што се случува со многу апликации што ги користите.

7. Фокусирајте се на протокот на воздух

Недостаток на проток на воздух може да предизвика прегревање, и многу често е предизвикан од маската или торбата што го штити вашиот лаптоп. Но, многу од нив не се дизајнирани да обезбедат доволен проток на воздух.

Покрај тоа, ако го користите лаптопот на перница или го држите во скут, може да ги имате истите проблеми со прегревање. Прегревање исто така може да се случи ако отворите за вентилација се затнати со остатоци и нечистотија и затоа е важно редовно да го чистите лаптопот.

За да ги избегнете овие проблеми, лаптопот најдобро се користи на тврда работна површина, па веројатно ќе забележите и дека вашата батерија трае подолго.

реклама

Хардвер

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more

Кој доминира на пазарот на графички процесори со вештачка интелигенција?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе