КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Селекторот на Португалија: Роналдо сака да освои Мундијал

Фернанду Сантуш открива дека Кристијано Роналдо има една зацртана цел кон која се стреми да ја оствари, иако тоа е неверојатно тешко.

Освои сѐ на клупски план: првенства, купови, суперкупови, Лига на шампиони, Светско клупско првенство. Но, за да биде најдобар помеѓу најдобрите му фали едно нешто, нешто кое се освојува само со репрезентацијата.

„Тој повеќе не мисли на индивидуални достигнувања туку на поголема цел, а тоа е да го освои Светското првенство со неговата земја“, тврди селекторот Фернанду Сантуш во изјава за дневниот лисабонски спортски весник A Bola.

Роналдо сруши куп рекорди со своите голови. Викендов му даде хет-трик на Каљари, па и Пеле конечно му го предаде приматот за најдобар голгетер во историјата.

„Сигурен сум дека Кристијано е екстра мотивиран. не само поради тоа што постигнува голови. Тој има додатна мотивација кога игра со националниот тим. Сигурен сум дека на собирот ќе дојде со истата амбиција, не мислејќи на лични цели туку фокусирајќи се на оние на репрезентацијата“, додава тој.

Роналдо во 2016 стана европски шампион со својата земја, а потоа ја освои и Лигата на нации. Но, Мундијалот на ФИФА е врвот за секој фудбалер.

„Знам дека неговиот огромен сон е да биде дел од остварувањето на една цел, а таа е да го освои Светското првенство. Тоа е главната цел“, завршува селекторот.

Роналдо досега има настапено на 4 Мундијали почнувајќи од 2006, па 2010, 2014 и последно 2018. Најблиску беше на неговиот прв Мундијал кога Португалија во полуфиналето загуби од Франција и на крајот заврши четврта.

Наредниот е во 2022 година кога Роналдо ќе има полни 37 години, но со оглед на одличната физичка подготвеност не е за сомневање дека ќе биде во најдобро издание на планетарниот собир во Катар.

Португалија квалификациите ги почнува на 24 март против Азербејџан, натпревар кој ќе се одигра на неутрален терен во Торино. Потоа гостува кај Србија на 27 и кај Луксембург на 30-ти.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Read more

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Read more

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more
 

Спорт

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе