Селин Дион низ солзи зборуваше за ретката болест: Ако не можам да одам, ќе ползам

Објавен е трејлерот за документарниот филм I Am: Celine Dion, а во него легендарната пејачка се расплака додека зборуваше за битката со болеста.

Таа изјавиа дека боледува од ретка невролошка болест и дека досега не зборувала за тоа, но дека сега е подготвена.

„Не е тешко да се направи настап. Тешко е да се откаже. Работам напорно секој ден, но морам да признаам дека ова е борба. Многу ми недостигаат луѓето. Ако не можам да трчам, ќе одам. Ако не можам да одам, ќе ползам, но нема да застанам“, рече таа низ солзи.

Пејачката на крајот на 2022 година објави дека боледува од синдром на вкочанет човек, ретко автоимуно нарушување на движењето кое влијае на централниот нервен систем (мозокот и 'рбетниот мозок). Синдромот погодува еден од милион луѓе.

Нејзината сестра Клодет Дион неодамна изјавила дека Селин повеќе нема контрола над своите мускули и дека и покрај работата со врвен тим лекари, не забележала никакво подобрување во своето здравје.

Документарниот филм I Am: Celine Dion го режираше Ајрин Тејлор. Покрај инспиративната приказна за нејзиниот успех во музичката индустрија, на публиката ќе ѝ бидат прикажани и ужасните детали од нејзината борба со синдромот на вкочанет човек.

Документарецот ќе можете да го гледате од 25 јуни на сервисот Prime Video.

Remote video URL
Тагови
реклама

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Роверот Perseverance испрати ново селфи од Марс

Read more

Рецепт за освежителен сок од цвет од багрем

Read more

Музика

Евровизија обележана со бојкот и поделба: Кој сѐ настапува и кои се фаворитите на обложувалниците?

Read more

Канје Вест со голем концерт во Тирана, за него ќе се изгради посебен стадион

Read more

Светски музичари повикуваат на бојкот на Евровизија: Нема музика за геноцид

Read more

Камбек на Кралицата на поп-музиката: Мадона најави нов албум

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Зошто „Големата петорка“ секогаш се квалификува директно за финалето на Евровизија?

Читај повеќе

Финалето на Euphoria ќе го сруши рекордот на HBO за најдолга епизода досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Евровизија обележана со бојкот и поделба: Кој сѐ настапува и кои се фаворитите на обложувалниците?

Читај повеќе
  • play_arrow

The Devil Wears Prada 2 ја надмина заработката на оригиналот за само две недели

Читај повеќе

OnlyFans креаторите го критикуваат ликот на Сидни Свини во Euphoria

Читај повеќе
  • filter

Среќен 100-ти роденден, сер Дејвид Атeнборо!

Читај повеќе
  • play_arrow

Координаторката за интимност на Euphoria открива што се случувало на сет

Читај повеќе
  • play_arrow

На денешен ден пред 22 години се збогувавме со омилените „Пријатели“

Читај повеќе