УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2019/20

Севиља го победи Манчестер и одлета во финале

По рекорден шести пат андалузискиот состав ќе игра финале од Лига Европа откако синоќа со 2:1 славеше над Манчестер Јунајтед.

Лук де Јонг го прославува победничкиот гол

Натпреварот почна добро за тимот на Оле Гунар Солскјер бидејќи уште по 9 минути игра добија пенал. Диегу Карлус стартуваше грубо над Маркус Рашфорд, па со помош на ВАР беше досуден пенал иако во моментот на стартот Рашфорд веќе имаше шутнато. Ескпертот за пенали, Португалецот Бруну Фернандеш, уште еднаш не погреши од белата точка во својата листа додавајќи го и мароканскиот голман Боно.

Севиља израмни во 26. минута кога Серхио Регилон одлично го пронајде Сусо кој, пак, беше тотално заборавен од манчестеровата одбрана на втора статива.

По три измени на Хулен Лопетеги, Андалузијците направија целосен пресврт во 78. минута кога нововлезениот Лук де Јонг од Хесус Навас доби одлично нафрлена топка во казнениот простор и ја затресе мрежата на Давид де Хеа.

Дури тогаш Солскјер направи четири замени, но неговиот тим не успеа да израмни и се соочи со елиминација.

За Севиља финалето в петок ќе биде апсолутен рекорд, вкупно шесто. Досега во сите пет (2006, 2007, 2014, 2015 и 2016) Севиља успеваше да победи, па оттаму има и најмногу трофеи во ова натпреварување.

Противникот на Андалузијците ќе биде познат вечер откако Интер и Шахтар ќе си ги одмерат силите.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе