Фудбалерите на Барселона синоќа му нанесоа убедлив пораз на Реал Мадрид со 4:0 на гости, а меѓу многуте навивачи на каталонскиот тим кои решија да ги испровоцираат навивачите на „Кралевите“ беше и Шакира.
Колумбиската пејачка објави фотографија со четири прста на Instagram и порача дека е горда на својот сопруг Жерард Пике.
„Жерард не ми дозволува да го кажам ова јавно. Но, само тој може да игра вака херојски без разлика на повреда и болка и да даде се од себе. Не затоа што е мојот сопруг, туку затоа што е најдобриот стопер на светот“, напиша Шакира.
Да потсетиме, головите за Барселона ги постигнаа Оубамејанг (два), Араухо и Торес, а Пике беше одличен во одбраната и беше непремостлива пречка за напаѓачите на Реал.