Што ѝ порача претседателот Иванов на Могерини?

Европската унија јасно да го осуди мешањето во внатрешната политика на Македонија, ова е клучната порака што македонскиот претседател Ѓорге Иванов ја упатил на синоќешната средба со Високата претставничка Федерика Могерини, по изјавите на Еди Рама и Хашим Тачи, што стигнаа од Тирана и Приштина.

Иванов предупредил дека изостанувањето јавна осуда за флангрантното мешање во внатрешните работи на Македонија ги создава проблемите и води кон поширока дестабилизација. Ова е шанса ЕУ да ја повтори поддршката за неповредливоста на границите на Балканот, рекол македонскиот претседател на средбата.

Иванов повторил дека нема да даде мандат на секој оној што преговара за платформи на други држави, со кои се уценува Македонија. Според Иванов, со преговарањето за пост-изборна платформа, се руши македонскиот Устав.

„Граѓаните на изборите гласаа за европски реформи, а не за пост-изборна платформа на туѓа држава“, рекол претседателот Иванов, алудирајќи на обидите за наметнување на платформа договорена во Тирана со албанскиот премиер Еди Рама.

За Иванов, важно е и да има попис, кој би ја отсликал и реалната состојба на населението во Македонија. Иванов посочил и на неопходноста за завршување на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија за да може, доколку е тоа потребно, да ја продолжи прогласената кризна состојба поради илегалната миграција.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Read more
 

Вести

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе