Што покажа првиот тест на директен судир на два електрични автомобили?

Mercedes тврди дека на 150 мерни места, со по две возрасни кукли, биле забележани мали ризици од опасни повреди.

Постојат различни митови и легенди за електричните автомобили, како што е случајот со сите нови технологии. Додуша, електричните автомобили не се огромна новина, но сегашниот наратив во автомобилската индустрија е дека тие ќе станат наша иднина.

Значи, една од претпоставките е дека во случај на судир брзо ќе се запалат поради батериите со хемиски соединенија кои поддржуваат горење. Сепак, креш тестовите, како и самите несреќи, одат во прилог на оваа технологија.

Имено, електричните автомобили ќе се запалат, но не почесто од автомобилите на бензин и дизел. За да ја докаже безбедноста на електричната технологија, Mercedes директно судри два свои модела, односно го организираше нивниот креш тест под контролирани услови.

Mercedes EQA и EQS директно се судриле, едниот тежок 2,2 тони, а другиот 3 тони. Двете возила се движеле со брзина од 56 км/час и имале 50 проценти фронтално преклопување во моментот на ударот.

Тест-сценариото покажува вообичаен тип на несреќа на локалните патишта. Брзината на симулираната несреќа зема предвид дека возачите сепак би се обиделе да сопираат во вистински настан пред возилата да се судрат. Овој тест ги надминува барањата на креш тестот на EuroNCAP кој се одвива со брзина од 50 км/час.

Иако станува збор за тешки возила, и во двата случаи патничкиот простор остана недопрен и вратите може да се отворат по несреќата. Високонапонските системи беа автоматски деактивирани за време на падот, а самите батерии останаа недопрени.

Од Mercedes тврдат дека на 150 мерни места, со по две возрасни кукли биле забележани мали ризици од опасни повреди.

Погледнете го видеото:

Remote video URL
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Авто новости

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more
 

Автомобили

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе