Поради неисплатена плата

Синдикатите во ЈСП денес ќе одлучат дали возачите ќе прекинат со работа

Кајгана/МИА
/ 17.10.2022 / 14:55

Раководството на репрезентативните синдикати на ЈСП денеска попладне на состанок ќе одлучува дали ќе ја реализира најавата за прекин на работата, откако во меѓувреме од ЈСП Скопје соопштија дека ќе ја исплатат заостанатата плата во наредните два дена.

Претседателот на Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските на Република Македонија (СРСВМ) Миќо Стојановски, за МИА изјави дека во ЈСП многу долг период наназад доцни исплатата на платата, поради одредени причини. Како што рече, веќе 35 дена немаат примено плата.

- Ние во ЈСП ги сервисираме и возилата на Противпожарната бригада на Скопје и на Градот Скопје. Зголемен е и обемот на работа, меѓутоа обврските Градот Скопје кон нас перманентно со месеци и години не ги извршува. Сите одлуки на Советот на Град Скопје за зголемување на автобуски линиии, за зголемување на обем на работата ние ги почитуваме, а 60 отсто од нашите корисници се бенифицирани корисници, пензионери, ученици, студенти... и ние всушност не остваруваме приход, не сме профитабилна фирма, додаде Стојановски.

По добиеното известување од ЈСП дека вработените во наредниве денови ќе ја добијат заслужената плата, Стојановски рече дека денеска во 15 часот ќе одлучат за понатамошните чекори.

Од ЈСП денеска соопштија дека вработените во наредните денови ќе ја добијат заслужената плата и оти нема да дозволат скопјани да останат без јавен превоз. Очекуваат дека час поскоро ќе ги подмират минатогодишните долгови и тековните обврски како не би се довела во прашање редовната работа на претпријатието.

- Веруваме дека централната власт и дел од општините ќе ги исплатат заостанатите обврски кои ги имаат за испорачаната услуга од страна на ЈСП за организиран превоз за одредени категории патници, средства со кои се исплаќа платата за вработените во ЈСП. И покрај тешката ситуација, на која никој во државата не остана имун, работиме за јавниот превоз да продолжи да функционира без проблеми во интерес на сите негови корисници, соопштија од ЈСП Скопје. 

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more
 

Ново

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе