Синот на Бекам се обидува да добие договор со клуб од Премиер лигата

Ромео Бекам, син на прославениот англиски фудбалер Дејвид Бекам, моментално тренира со тимот на Брентфорд каде се обидува да се избори за договор.

Младиот 20-годишен Ромео сѐ уште е под договор со МЛС тимот на Интер Мајами, чиј сопственик е токму неговиот татко Дејвид. Меѓутоа, како што пишува Times, синот на мајсторот за слободни му се приклучил на Брентфорд каде тренира обидувајќи се да го импресионира стручниот штаб на чело со данскиот стратег Томас Франк.

Доколку се избори за шанса, раскинувањето на договорот со тимот од сојузната држава Флорида нема да претставува никаков проблем со оглед на тоа што татко му е газда на клубот. Желба на самиот Дејвид е неговиот син да тргне по неговите стапки и да успее да заигра во Премиер лигата.

Овој потег е тотално изненадувачки со оглед на тоа што на Ромео Бекам никогаш не се гледаше како на голем талент, ниту пак на играч кој би можел да направи кариера во англискиот фудбал. Меѓутоа, штом популарните „Пчели“ се согласиле Ромео да дојде на проба, можеби сепак има нешто во него.

Не е познато колку време ќе остане на проба, а дали ќе успее да се избори за договор, останува времето да покаже. Засега Ромео тренира со вториот тим, на Брентфорд, но доколку се покаже како можно засилување ќе биде прекомандуван во првиот тим.

URL

Оваа информација доаѓа точно 19 години откако неговиот татко Дејвид ја напушти Премиер лигата и од Манчестер Јунајтед се пресели во Реал Мадрид.

Интересно, младиот Ромео до 2014 година тренираше со Арсенал, но тогаш одлучи фудбалот да го замени со тенис. Тениската кариера неуспешно ја градеше до 2021 година кога изненадно потпиша за клубот на татко му и повторно му се врати на фудбалот.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе