Скопјанец уценувал девојка со компромитирачки фотографии и видеа

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 22-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Уцена според член 259 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Осомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, преку социјални мрежи стапил во контакт со 20-годишна скопјанка, на која лажно ѝ се претставил, а потоа подолг временски период ја уценувал дека доколку не му исплати 300 евра, ќе објави компромитирачки фотографии и видеа за неа.

Уценетата му исплатила 150 евра, но тој продолжил секојдневно да ја уценува, па таа го пријавила случајот. На договорено примопредавање на дел од парите осомничениот бил затекнат и лишен од слобода.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, обврска да се јавува повремено кај службено лице во судот, привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, забрана за приближување и воспоставување контакти со оштетената, како и забрана за користење на социјалните мрежи преку кои го сторил делото. Сите мерки се прифатени и определени од судот.

реклама

Зошто е важно да пиете кафе ако имате седечка работа?

Read more

Реал продава играч кој одигра 31 натпревар во текот на 9 години

Read more

Рани знаци на состојба која ја нарекуваат „тивок убиец“

Read more

14-годишно девојче е киднапирано во Грција

Read more

Хроника

18-годишна девојка пријавила насилство од вонбрачниот сопруг

Read more

Уапсен маж од Прилепско за силување на двете ќерки

Read more

Бојлер усмрти 14-годишно дете во Маврови Анови

Read more

Скопјанец уценувал девојка со компромитирачки фотографии и видеа

Read more
 

Вести

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата

Читај повеќе
  • play_arrow

40 активни пожари горат низ Грција, еден во близина на Атина

Читај повеќе

МОН ќе ја исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Читај повеќе

Русија соопшти дека соборила 36 дронови испратени од Украина

Читај повеќе

Тошковски ќе го унапредува Центарот за обука во модерен центар за полициска обука

Читај повеќе

Унгарија доаѓа на чело на Советот на ЕУ: Ова се приоритетите

Читај повеќе

Протест против масовниот туризам во Малага

Читај повеќе

18-годишна девојка пријавила насилство од вонбрачниот сопруг

Читај повеќе

Сончево и многу топло време, температури до 38°C

Читај повеќе