Скопје денеска меѓу десетте градови со најзагаден воздух во светот

Воздухот во Сараево утринава е најзагаден во светот, покажуваат податоците на AirVisual. Индексот на (лош) квалитет на воздухот е 198.

На неславната листа по Сараево се Дака (Бангладеш), Мумбај и Калкута (Индија), Шенјанг (Кина), Скопје, Инчеон (Јужна Кореја), Загреб, Милано...

Скопје е на шестото место со индекс од 170. Ако индексот за квалитет на воздухот е од 0-50 тогаш е здрав, од 51-100 е умерено загаден. Сè што е повеќе од 100 е нездраво, а повеќе од 300 е опасно по здравјето.

Концентрацијата на штетните ПМ2,5 честички во Сараево утринава изнесува 146 микрограми на метар кубен, што е 29,2 пати повисока од вообичаените параметри за вредности на квалитетот на воздухот според Светската здравствена организација.

Во такви услови, лицата со респираторни заболувања, како што е астмата, може да доживеат значително зголемување на симптомите и интензитетот на болеста, а се зголемува и веројатноста за негативни последици по респираторните органи на целата популација.

Скопје пред два месеца се искачи на третото место по загаденост на листата на поголеми градови во светот - со индекс на загаденост од 182, според интернет платформата  IQAir, која објавува сопствени податоци за загаденоста во градовите ширум светот во реално. Тогаш први на листата беа Делхи во Индија со индекс од 215 и Лахор во Пакистан со 255.

Студиите за загадување во главниот град покажаа дека воздухот во Скопје нема да се прочисти целосно сè додека масовно се користи дрвото за огрев. Но, покрај согорувањето на биомасата коешто претставува најголем извор на загадување на амбиенталниот воздух, како „трујачи“ на воздухот се посочуваат и индустријата и градежништвото. Загадуваат и автомобилите, поради што надлежните предлагаат алтернативи - пешачење, возење на велосипед и користење на јавен превоз, пишува Дојче веле.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе