Скопје првпат без градски превоз

Скопјани денеска нема да можат да ги користат услугите на јавниот градски превоз, откако синдикатите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) вчера најавија дека од 4:30 часот наутро автобусите нема да возат.

Проблемот со неисплатените плати на вработените во ЈСП вчера беше тема и на вонредната седница на Советот на Град Скопје каде доцна попладнето беше изгласа иницијатива со која се побара од градоначалничката на Град Скопје до петок до 12 часот да достави одлука за прераспределба на средства за да се исплатат платите.

Од синдикатите вчера за МИА изјавија дека градоначалничката Данела Арсовска ќе мора ваквата одлука да ја донесе уште денес, затоа што, според нив, петок е многу доцна. Следната седница на Советот е закажана за петок во 14 часот, но постојат можности и денеска да биде свикана вонредна седница на градскиот Совет доколку биде доставена одлуката.

Синдикатите вчера ја напуштија седницата на Советот револтирани дека нема договор за нивните барања.

– Репрезентативните синдикати на ЈСП беа присутни на вонредната седница на Советот на Град Скопје и очекувавме брз и експресен одговор по иницијативите што ги дават политичките партии дека одредени средства ќе се префрлат на сметката на ЈСП и ќе се исполнат обврските кон вработените. Бевме наивни мислејќи дека тоа ќе се случи. Сагата продолжи до нешто пред 17 часот кога баравме збор од спикерот и не го добивме по што седницата на Советот се прекина за да може да одговориме што ќе преземат синдикатите во текот на утрешниот ден, изјави вчера претседателот на синдикалната организација на ЈСП Миќо Стојановски.

Советниците во Град Скопје вчера меѓусебно се обвинуваа кој е виновен за состојбата во која е доведено ова јавно претпријатие. Од ВМРО-ДПМНЕ побараа одговорност од Арсовска, а од СДСМ обвинија дека за првпат скопјани ќе останат без градски превоз и дека за тоа е виновна локалната власт.

Вчера со неколку автобуси раководството на ЈСП ја блокираше и улицата пред Владата поради неисплата на долг од два милиони евра, а вработените протестираа во кругот на претпријатието поради неисплатата на заостаната плата.

реклама

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Роверот Perseverance испрати ново селфи од Марс

Read more

Што се случува со црниот дроб кога пиете кафе секој ден?

Read more

Македонија

Дождлив викенд со грмежи и засилен ветер

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Јаневска ги потврди казните од 250 евра за родителите на насилните ученици

Read more

ЗНАМ: Венко Филипче е политички мегафон на Софија во Скопје

Read more
 

Вести

Емиратите неуспешно се обидоа да ги убедат Саудиска Арабија и Катар заедно да го нападнат Иран

Читај повеќе

Уапсен шефот на белградската полиција и поранешен советник на Вучиќ

Читај повеќе

Дождлив викенд со грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Украина собори 269 дронови во новиот масовен напад на Русија

Читај повеќе

Подгорица ја осуди изјавата на Вучиќ за годишнината од црногорската независност

Читај повеќе

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Читај повеќе

Скопјанец нашол рачна бомба додека го чистел дворот

Читај повеќе
  • play_arrow

Трагедија на Малдивите: Пет Италијанци загинаа додека нуркаа во пештера

Читај повеќе

Јаневска ги потврди казните од 250 евра за родителите на насилните ученици

Читај повеќе