Скопска дилема: Подобро поскап гас, отколку скапо лекување од загадувањето со дизел и мазут

Претседателката на ДОМ и пратеничка Маја Морачанин во интерес на здравјето на граѓаните, бара топланите во Скопје да продолжат да работат на гас.

Морачанин, која во неделата доби втор мандат како претседателка на оваа партија, во интервју за МИА вели дека ќе инсистираат да се почитуваат нивниот став и барање работата на топланите да продолжи на гас и да не се префрлаат на дизел или мазут, коишто навистина многу загадуваат, бидејќи тоа многу ќе се рефлектира на загадувањето на воздухот во Скопје.

– Состојбата е тешка и затоа велам ова се прашањата коишто се од интерес за граѓаните. Јас за тоа зборував не само во коалицијата, туку и на лидерската средба која ја организираше премиерот Ковачевски со сите претседатели на политичките партии во Парламентот и го истакнав ова прашање, односно барање дека без разлика на цената на гасот, бидејќи состојбата е дека еве гас може да се снабди само по таа цена на берзите и што е поисплатливо, нашиот став како ДОМ и наше барање беше да продолжи работата на топланите во Скопје на гас, да не се префрлуваат на дизел или мазут коишто навистина многу загадуваат и тоа се рефлектира дефинитивно многу на загадувањето на воздухот во Скопје, рече Морачанин.

Тоа е, вели Морачанин, ставот што ние го наметнавме и ќе инсистираме да се испочитува без разлика на цената.

– Дури и да биде поскапо затоплувањето со гас, во интерес на здравјето на граѓаните да продолжат топланите да работат на гас, изјави Морачанин.

Таа нагласува дека работењето на гас ќе биде поисплатливо отколку потоа граѓаните да се лекуваат, посочувајќи дека треба да се гледа и тој аспект.

– А во однос на цената реков, нека биде и поскапо, но да ги заштитиме граѓаните. И тоа не е само за Градот Скопје, бидејќи во Градот Скопје секојдневно гравитираат многу луѓе заради образование, заради работа итн. Така што голем број на наши граѓани од Македонија се подложни на загадувањето на воздухот во Скопје, рече претседателката на ДОМ.

На оваа тема Морачанин зборувала и со министерот за животна средина и нејзини очекувања се дека топланите ќе продолжат да работат на гас.

– Исто така и министерот за животна средина инсистира на ова и Владата мислам дека ќе постапи во таа насока, така што очекувам топланите да продолжат да работат на гас. Никој не може да предвиди со војната во Украина и како ќе се развиваат тие состојби ако нема воопшто снабдување со гас, но не очекувам тоа да се случи по сите најави што ги добиваме, што ги слушаме дека сепак ќе има снабдување со гас, изјави Морачанин.

Испораката на топлинска енергија тече непречено и така и ќе продолжи и во следниот период. За месец декември е обезбеден природен гас од Макпетрол пром – гас и топлинска енергија од ТЕ-ТО, информира АД ЕСМ.

-АД ЕСМ продолжува со практиката за набавка на природен гас во покуси временски периоди поради финансиски подобрите услови. Ги демантираме написите на ТВ Телма дека гас има за еден ден. Редакцијата пред два доби одговор од АД ЕСМ дека компанијата располага и со гас и со средства за набавка на гас и дека нема никакви проблеми околу испораката на греење за Скопје во следниот период, соопшти АД ЕСМ.

реклама

Македонија

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more
 

Вести

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе