Со помош на ултразвучни бранови во иднина и луѓето ќе хибернираат

Студијата спроведена на глувци и стаорци - животни кои природно не хибернираат - даде неочекувани резултати.

Познато е дека под одредени услови некои видови цицачи, птици, инсекти, водоземци и риби можат да паднат во состојба наречена торпор. Имено, станува збор за состојба на намалена физичка активност на животните, за да се зачува потребната енергија.

Во тој период има неколку фази низ кои минуваат животните што хибернираат, а забележани се и случаи кога некои од нив мораат повремено да се будат за да се наспијат добро. Не е изненадувачки што научниците сакаат да ја проучат оваа состојба што е можно подобро и да разберат како функционираат телата при торпор, со цел да применат одредени сознанија за луѓе на кои им е загрозен животот или астронаути на кои им е потребна вештачка и безбедна индукција во хибернација.

Дали е ова можно?

За да добијат одговор на ова прашање, научниците од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис направиле специјални капи со ултразвук кои ги залепиле на главите на лабораториските глувци. Потоа ги вклучиле и ги поставиле да емитуваат ултразвучни бранови во дел од мозокот наречен преоптички дел од хипоталамусот - кој ја контролира телесната температура и спиењето, како и активирањето на хибернацијата.

Се испоставило дека глувците многу брзо отишле во состојба слична на торпор, односно нивната температура, отчукувањата на срцето и внесот на кислород драстично паднале набргу по активирањето на брановите. Меѓутоа, кога сите овие параметри почнале да се зголемуваат, научниците повторно користеле ултразвучни шокови за да ги одржат во опишаната состојба до 24 часа. После тоа без никакви последици и проблеми успеале да се вратат во нормала.

Потоа сето тоа го повториле на стаорци, а заклучокот бил ист - животните кои не можат природно да хибернираат, тоа можат да го направат со помош на ултразвучни бранови. Откритие кое ги поттикнало да размислуваат во насока - како е можно истото да се постигне со луѓето.

„Потребни се дополнителни истражувања за да се утврди безбедноста и изводливоста на овој пристап кај луѓето“, рече биомедицинскиот инженер проф. Хон Чен. „Но, можеме да замислиме астронаути да носат уред сличен на шлем дизајниран да го таргетира регионот на хипоталамусот за да предизвика состојба слична на торпор“.

Тоа веројатно нема да се случи наскоро бидејќи ефектите од долготрајната хибернација врз мозокот сè уште не се доволно истражени. Затоа, пред да почнат да го применуваат овој процес кај луѓето - научниците мора прво да разберат како да го направат тоа без да предизвикаат штета кога станува збор за нивната меморија или емоции.

Резултатите од истражувањето се објавени во списанието Nature Metabolism.

Тагови
реклама

Едно овошје е број еден за намалување на крвниот притисок

Read more

Решението за лошиот здив од лукот стои во фрижидерот

Read more

Зошто археолозите стравуваат да ја отворат гробницата на првиот кинески император?

Read more

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

Read more

Наука

Решена е децениската мистерија што ги прави отпечатоците од „копита“ на дното на океанот

Read more

Дали црните дупки се зголемуваат како што универзумот се шири ?

Read more

Што ако НАСА воопшто не постоеше?

Read more

Археолог случајно ја откри најстарата дрвена градба, направена пред 500.000 години

Read more
 

Гик

Решена е децениската мистерија што ги прави отпечатоците од „копита“ на дното на океанот

Читај повеќе

Apple започна со продажба на iPhone телефони произведени во Индија

Читај повеќе

Робот ќе пребарува објекти што горат и ќе наоѓа луѓе што треба да се спасат

Читај повеќе
  • filter

Xiaomi ги претстави Redmi Note 13, 13 Pro и 13 Pro+

Читај повеќе

Дали црните дупки се зголемуваат како што универзумот се шири ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Што ако НАСА воопшто не постоеше?

Читај повеќе

Xiaomi Redmi Note 13 Pro ќе има невообичаено висок капацитет на меморија и брзина на полнење

Читај повеќе

Каква црвена боја се користи низ Европа?

Читај повеќе

Facebook го смени логото, ја забележувате ли разликата?

Читај повеќе