Сон не оди никаде, потпиша нов договор со Тотенхем

Корејскиот напаѓач не го напушта бродот кој тоне и се обврза на нов четирогодишен договор со клубот од Лондон.

Сон Хјон-мин стави потпис на новиот договор со Тотенхем со што и стави крај на шпекулациите за неговото заминување.

Клубот го потврди продолжувањето на соработката со видео-објава на Twitter:

URL

Сон месецов наполни 29 години, а во Лондон е веќе шест години откако летото 2015 пристигна од Хамбургер.

„Веќе ми претставуваше огромна чест да играм тука шест години. Клубот покажа голема, голема почит кон мене и нормално дека сум многу среќен што сум тука“, вели Сон.

„Овде сум како дома, особено со навивачите, играчите и тренерите. Немаше никаква одлука. Беше лесно. Среќен сум што сум тука и ќе ми биде многу мило повторно да ги видам навивачите“, заврши тој по потпишувањето на новиот договор.

Сон важи за еден од најдобрите офанзивци на денешницата, но е заглавен во клуб кој никако да постигне некој голем успех. Сон нема освоено ниту еден клупски трофеј во кариерата, лани го испушти пехарот во Лига купот откако загуби во финалето, а пред две години истото му се случи и во Лигата на шампионите. Откако Тотенхем не успеа да се избори ниту за настап во Лигата на шампионите за нареднава сезона, почнаа шпекулации за заминување на најдобрите, Сон и Хари Кејн.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе