Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 38°C. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Од пладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне до 33°C.
Утре ќе се задржи топло време, но во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град.
И во делови од Скопската котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме.
В петок ќе дува засилен северен ветер, а во деновите од викендот се очекува постепено стабилизирање на времето.