Спасени планинари од Чешка кои се изгубиле на Шар Планина

Регионалниот центар за управување со кризи Тетово синоќа во 18:30 часот на повик од чешки планинар на Шар Планина, во реонот на месноста Лешница, организираше акција за спасување на повреден планинар и за пронаоѓање на група од седум планинари од Чешка којашто се изгубила на планината. Целата комуникација, сè до нивното проаоѓање и згрижување на повредениот (со скршеница на рака) се остварувала до 20:25 часот, информира ЦУК.

РЦУК Тетово, заедно со субјектите од Системот за управување со кризи (СУК) коишто во моментот можеле брзо да реагираат, биле во постојана комуникација и се координирале за да ги искористат сите можности за да се спасат планинарите заедно со повредениот, пред настапот на ноќта.

– Активностите се одвивале паралелно од повеќе субјекти. Додека дел од припадниците, конкретно пожарникарите на Територијалната противпожарна единица ТППЕ Тетово и полицајците на СВР Тетотво, кои први веднаш при првиот контакт, тргнале да ги бараaт планинарите на непристапниот дел од планинскот регион, возилото од Брзата помош од Тетово, со помош на другите субјекти и РЦУК Тетово (по определување на координатите на теренот согласно и според последните јавувања на изгубените планинари) се доближило на можната најблиска точка за средба за да се згрижи повредениот планинар до непристапниот терен, согласно проодноста на планинските патишта. На задоволство на сите ангажирани од РЦУК Тетово и СУК,  планинарите се пронајдени, извлечени од планината, а повредениот планинар, со скршеници на раката, е згрижен, се вели во соопштението на ЦУК.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе