Средношколците од кандидатите за градоначалник на Скопје бараат праведен јавен превоз

Сојузот на средношколци преку Меморандум доставен до Петре Шилегов и Данела Арсовска побара кој и да го добие новиот 4-годишен мандат да ги исполни нивните барања за праведен јавен превоз за сите средношколци.

Од Сојузот бараат сите средношколци да имаат еднакви услови, без разлика од типот на училиштето во кое учат, а бесплатниот превоз да биде и низ целата календарска година, не само за време на учебната сезона, односно од септември до почетокот на јуни како што е сега.

„Да се елиминира растојанието меѓу домот и училиштето како услов за добивање право на бесплатен превоз. Јавниот превоз да стане бесплатен и за време на распустите, односно во текот на целата календарска година. Годината има 12 месеци, а не 9. Средношколците не се образуваат само за време на учебната година, а средношколската возраст трае само 4 години и многу е важно во овој период учениците да ги имаат сите придобивки со цел непречено да се развиваат, созреваат и учат согласно нивната возраст и потреби. За таа цел, на официјалните адреси за контакт на двајцата кандидати на потпис им доставивме Меморандум со 6 точки, а од нив бараме да се заложат истите да ги исполнат доколку ја добијат поддршката да управуваат со Градот Скопје“, стои во соопштението.

Додатно, бараат и бесплатен меѓуградски автобуски и железнички превоз ширум земјава за сите средношколци.

„Очекуваме во најскоро време и двајцата кандидати да го потпишат ваквиот Меморандум со што средношколците, нивните родители и професори да може да бидат сигурни дека многу брзо ќе се реши овој децениски проблем на средношколците и нивното користење на јавниот транспорт“.

реклама

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Read more

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Македонија

Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Read more

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје

Read more

Левица: ВМРО-ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Read more

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Читај повеќе

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Читај повеќе

Двајца малолетници нападнати од насилници со фантомки кај стадионот Борис Трајковски

Читај повеќе

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Читај повеќе

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје

Читај повеќе

Левица: ВМРО-ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Читај повеќе

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Читај повеќе

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид

Читај повеќе