ССМ во недела на протест пред Собранието и Стопанската комора

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во недела ќе излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Северна Македонија изразувајќи незадоволство од неизгласувањето на законското решение со кое недела се прогласува за неработен ден и со барање минималната плата да изнесува 60% од просечната плата, а со тоа и спирално зголемување на сите останати плати согласно колективните договори.

Претседателот на ССМ Дарко Димовски во изјава за МИА вели дека со неизгласувањето на законот за недела неработен ден, кој требаше да почне од 1 октомври, 92% од работниците не одмараат во недела, а 8% од работниците кои работат во дејности каде не може да прекине работниот процес, не земаат 50% поголема дневница за работа во недела.

– Револтирани сме од односот на пратениците. Законот недела да биде неработен ден, кој требаше да важи од 1 октомври, не е изгласан. Со тоа, 92% од работниците не одмараат во недела, а 8% кои работат во дејности каде процесот не може да прекине, не може да земат 50% зголемена дневница. Работниците во моловите кои треба да работат само од 10 до 18 часот, не земаат дневница зголемена за 100%. Исто така, по основ на данок за работа во недела, во Буџетот на РСМ не се влеваат даночни средства во износ од 3% со кои треба да се изградат нови градинки за нашите деца, посочува Димовски.

Барањето за минималната плата и спиралното зголемување на останатите плати, ССМ го темели на најавите за пораст на цената на струјата од јануари и на зголемените цени на прехранбените производи.

– Поради економската криза предизвикана од пандемијата и најавената енергетска криза каде РКЕ кажува дека од 1 јануари ќе се зголеми цената на струјата за минимум 20%, бараме минималната плата да изнесува 60% од просечната плата или 18.000 денари, а сите останати плати да растат скалесто согласно колективните договори, истакнува Димовски.

Дел од барањата на синдикатот се и враќање на правото за регрес на годишен одмор за сите работници во Општиот колективен договор за јавен сектор и пензионирање по неколку основи – за жени со 35 и за мажи со 40 стаж, без разлика на нивната возраст, потоа пензионерирање по основ на дејности, предвремена пензија со 60 години старост и 15 години стаж кога работникот кој не се чувствува физички способен, да зема минимум 70% од пензијата додека не ги исполни условите за целосна пензија.

Протестот ќе почне во 12:12 часот пред зградата на ССМ по што ќе продолжи пред Собранието и пред зградата на Стопанската комора на Северна Македонија.

Доколку не се исполнат барањата, синдикатот најавува генерален штрајк.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе