Стигна новиот Gmail: Што треба да знаете?

Google го пушта новиот Gmail за сите корисници, погледнете што има ново.

Доколку имате Google Chat, тогаш отсега ќе го имате и новиот Gmail, што не е голема вест, бидејќи компанијата на сите им ветува нов изглед уште од февруари.

Новиот изглед првенствено ги доближува услугите на Google како Meet, Chat и Spaces до платформата на Gmail, правејќи ги голема заедница од која е можно да пишувате е-пошта, да разговарате, да остварувате повици, да остварувате видеоповици и да испраќате фајлови поврзани со Google Drive, и оваа промена се смета за убедливо најголема во фазата Material Design 3.

Google нема да застане тука и до крајот на годината конечно ќе го подобри Gmail за таблети, кој со години има очајна потреба од средување, а патем ќе работи и на подобра поддршка за емотиконите кои се кул за сите во последно време, како и на опции кои ќе го олеснат користењето на Gmail за луѓе со оштетен вид, слух и други посебни потреби.

Ако сте корисник на бизнис пакет услуги на Google, новиот изглед можеби е веќе доставен до вас, а ако не, тоа ќе биде многу наскоро. Досега корисниците можеа да го заменат новиот Gmail со стариот, но отсега тоа не е можно и секој ќе мора исклучиво да го користи новиот интерфејс.

Remote video URL

Промената за која моментално најмногу се зборува е дополнителната лизгачка лента од левата страна, па покрај стандардната која до сега ги прикажуваше сите секции за е-пошта, акаунтите имаат уште една која служи за лесно и брзо префрлање од е-пошта на Google Chat, Spaces или Meet. Има и нови бои, така што горниот дел од веб апликацијата ќе се смени во сив, а маркерот за различни секции за е-пошта од црвено во сино, можно е лесно менување на имињата на категориите, подобро пребарување на луѓе со слични имиња, за да не направите грешка кога праќате е-пошта или започнувате разговор, како и сосема различни копчиња за составување и многу други.

Оние кои веќе го добиле новиот Gmail велат дека променетите бои се во ред (најмногу затоа што корисниците можат сами да ја изберат темата за заднина и на тој начин да го приспособат изгледот по свој вкус), но се жалаат на дополнителната лизгачка лента. Четирите копчиња на левата страна на екранот не заземаат многу простор, така што долниот дел е целосно празен - единственото нешто што се појавува на дното е известување за пораките на Google Chat. Експертите велат дека просторот е слабо искористен и посочуваат дека Gmail обично се користи за мејлови, па затоа опциите на Google Chat, Spaces и Meet се на погрешно место.

Проблемот со новиот додаток е што корисниците немаат контрола и не можат да ги сокријат копчињата, па лизгачката лента зазема премногу од екранот за џабе. Го нарекуваат и реклама за Google Chat и Meet и веќе жалаат по класичниот изглед на Gmail.

Исто како и мобилната апликација, новиот Gmail прави грешка бидејќи ги дели пораките - некои одат во Chat, а групните пораки одат во Spaces, така што секој постојано ќе мора да скока од еден простор на друг, што не е погодно и навистина може да предизвика конфузија, и тоа ви го кажуваме од искуство.

Гледајте ги официјалните видеообјави во врска со промената на Google Gmail и не заборавајте да нѐ известите во коментар како ви се допаѓаат новите промени.

Remote video URL
Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Интернет

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе