Стојанче Ангелов со апел до ЕВН по исклучувањето струја во кулата Б на Џевахир скај сити

Апелираме до ЕВН и до управителите на зградите да не се повтори исклучување на струја во висококатниците, бидејќи постои можност да дојде до несакани последици за луѓето кои би останале заглавени во лифтовите, рече на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, откако утринава била исклучена струјата во кулата Б на Џевахир скај сити во Скопје.

Ангелов посочи дека откако снемало струја во оваа кула, неофицијално бремена жена останала заглавена во лифт. Порача да се изнајде решение за да не се дојде повторно во ваква ситуација, бидејќи постои можност некој да се повреди.

-Денеска околу 9:45 часот снемало струја во кулата Б на Џевахир скај сити, една од високите 40-катници во Скопје. Од страна на неколку граѓани дојде информацијата до Центарот за управување со кризи, по што од Секторот за операции и координации, конкретно РЦУК Скопје, е стапено во контакт со ЕВН. Најпрвин им било одговорено дека поради техничка неисправност на ниско напонската мрежа дошло до прекин на електричната енергија во висококатницата Б, појасни Ангелов.

Нешто подоцна, како што рече, биле известени дека исклучувањето се случило поради неплатени сметки во кулата Б од Џевахир скај сити.

-Со ЕВН е стапено усно во комуникација. Џевахир скај сити кулите, вклучително и кулата Б, се високи 40 ката. Без да навлегуваме во имотно правните побарувања и обврски меѓу ЕВН и кулата Б од Џевахир скај сити, конкретно управителите кои ја стопанистуваат оваа кула, апелираме до ЕВН и до управителите да не дозволат да се повтори ваква состојба, бидејќи хипотетички во оваа четириесеткатница, во некои од лифтовите, може некој да остане заглавен. Не треба да чекаме некој да настрада, да биде повреден, за навремено да се реагира, рече Ангелов.

Прес ЦУК Стојанче Ангелов

Posted by MИА.mk on Tuesday, February 14, 2023
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе