Студија на НАСА тврди: Веројатно вонземските цивилизации сами себе се уништиле

Нова студија на НАСА и  Калифорнискиот технолошки институт проценува дека оптималниот временски склоп за развој на вонземски цивилизации се случил околу 8 милијарди години по формирањето на Млечниот Пат и дека таквите цивилизации веројатно сами себе се уништиле.

Студијата испитувала каде и кога други интелигентни облици на живот можеби живееле или сѐ уште живеат.

Истражувачите во обѕир зеле низа фактори кои би влијаеле на развојот на вонземски облик на живот, како што е зачестеноста на радијација што ја емитуваат ѕвездените експлозии, времето потребно за развој на интелигентен живот и потенцијалната тенденција таквите цивилизации да се самоуништат.

Креирајќи модел, тие утврдиле дека интелигентниот живот најверојатно може да се појавил 8 милијарди години по формирањето на Млечниот Пат, напомнувајќи дека таквиот живот се наоѓал околу 13.000 светлосни години од галактичкиот центар.

Само за споредба, Земјата се наоѓа околу 25.000 светлосни години од галактичкиот центар.

„Можно е интелигентниот облик на живот негде во галаксијата да е уште премлад за да го забележиме“, заклучуваат научниците во студијата.

Меѓутоа, истражувачите откриле дека потенцијалот на самоуништување исклучително влијаел на количината на галактичкиот интелигентен облик на живот. Токму затоа научниците мислат дека доколку постојат интелигентни суштества тие веројатно ќе се самоуништат.

Истражувачите сугерираат дека таквото самоуништување би можело да биде резултат од војна, климатски промени или развој на биотехнологија.

Новата студија чека рецезнија, а се појави откако тим научници од Универзитетот во Нотингем оцени дека на Млечниот Пат постојат 36 комуникациско интелигентни вонземски цивилизации.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе