Суарес: На Меси му смета студеното време во Париз

Поранешниот соиграч го правда Лео Меси за слабите изданија во новиот клуб обвинувајќи го времето кое е постудено отколку во Барселона.

Луис Суарес откри дека Меси му рекол дека му е тешко да игра на ладното време во Франција. Што ли ќе беше доколку потпишеше за Манчестер Сити?

„Се слушаме секој ден. Одбегнуваме да зборуваме за нашите очекувања бидејќи сме играчи и знаеме како треба да се однесуваме во таквите моменти. Зборуваме за натпреварите и за семејни работи“, вели Уругваецот за TNT Sports.

Суарес со Меси играше заедно долги години во Барса, од 2014 до 2020.

„Ми рече дека кога игра на ладно му е многу тешко, особено на снег. Потребно е време за да се адаптира на времето таму“, додаде.

Можеби сега времето е изговор за слабите игри на Меси, но ладно - и особено снежно - не беше летово кога дојде во ПСЖ.

Меси имаше навистина бавен старт во новиот клуб. Прво, неговото деби мораше да се одложи поради пролонгираниот одмор поради настапот на Копа Америка каде Аргентина стана континентален шампион. Ги пропушти првите две кола во Лиг 1, а потоа играше, па ќе отсуствуваше поради повреда. Севкупно досега постигна само 4 гола и 3 асистенции од кои само 1 во француската лига, а асистенциите беа сите на еден натпревар (против Сент-Етјен).

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе