Судењето за „Организаторите на 27 април“ продолжува на 25 декември

Судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година продолжува на 25 декември, откако на денешното рочиште беа сослушани повеќе сведоци предложени од одбраната.

На денешното рочиште, најмногу прашања одбраната имаше за сведокот Мирослав Котевски, вешто лице од областа на информатичката технологија, кој меѓу другото, претстави мапа на движење на Александар Василевски Нинџа на 27 април 2017 година.

На вкрстено прашање од обвинителката Вилма Русковска, дали вештачењето на доказите го правел врз база на скенирани докази, сведокот Мирослав Котевски рече да, по што обвинителката престана со прашања.

– Вештачење се прави врз база на оригинални докази, а не на фотокопии. Барам Судот, да не го земе во предвид вештачењето изработено врз база на фотокопии, изјави обвинителката Русковска.

Одбраната на тоа реагираше, дека вештачењето е правено врз основа на податоци добиени од Судот на хард диск, со податоци и докази од списите на овој предмет.

– За одбраната овие докази од операторите претставуват докази за кои судот смета дека се оригинал, изјави адвокатот Еленко Миланов.

На прашање од Судот дали ако се исклучени мобилните, тие се регистрираат на базна станица, сведокот рече дека во доказите нема таков податок и појасни дека во листинзите од операторите се нотираат само повици и настани кога се поврзува со базна станица.

Прашан од Судот дали може да се заклучи дека Александар Василевски Нинџа на 27 април 2017 година во попладневните часови постојано бил во централното градско подрачје, сведокот рече „да”.

Претходно на прашања од одбраната, сведокот Мирослав Котевски, вешто лице од областа на информатичката технологија, рече дека од вештачењето заклучил одредена неконзистентност на ЈО односно утврдил 19 мобилни телефони за кои нема барање до операторите, а ги има во листинзите како докази.

Телеком операторите, посочи сведокот, не е јасно зошто електронските фајлови ги предале отворени, незаштитени при пренос од кај нив до ЈО.

– Отворен документ значи дека секој има можност на нивна промена и обработка со алатки без да се остави дигитален отпечаток, изјави вештакот.

Претходно на денешното рочиште како сведоци на одбраната беа сослушани поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски, кој од 2016-2017 година бил член на Извршен комитет и партиски координатор на неколку општини, како и
сведокот Владимир Неловски, кој бил лидер на Унија на млади сили и член на Извршен комитет на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

За следното рочиште повторно се повикани повеќе сведоци од одбраната, меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. 

Тагови
реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Македонија

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Read more

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Read more

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Read more

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Read more
 

Вести

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Читај повеќе
  • play_arrow

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Читај повеќе

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Читај повеќе

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе