Судиите среде натпревар се откажале, па суделе тренер и играчи

И тоа како несекојдневна ситуација се случила на пријателски натпревар помеѓу чешката Славија и полскиот Раков, играна во Австрија.

Во 10-тата минута од натпреварот, дел од летните подготовки на двете екипи, локалниот главен судија му доделил црвен картон на Гркот Јанис Папаниколау од Раков, по што полската екипа на самиот почеток станала со играч помалку. Воопшто не им се допаднало пријателска да играат со десетмина, па почнале да се расправаат со судијата.

Судијата, видно изнервиран од реакцијата на Полјаците, заедно со помошниците го напуштил теренот откажувајќи се од понатамошно судење на натпреварот.

Така, само што се испотиле, двете екипи останале без судиската тројка и не можеле да го продолжат натпреварот, па морале да бараат алтернативни решенија.

Бидејќи е клупски пријателски натпревар, а таквите ФИФА не ги контролира, за разлика од пријателските помеѓу репрезентации, можеле да си дозволат експерименти.

Како главен судија истрчал на помош тренерот на Раков, а помошници му биле двајца резервни играчи на клубот од Прага.

Репрезентативецот на Чешка, Давид Доудера, во улога на линиски судија

Како-така натпреварот го дочекал својот крај, а победата од 2:1 ја однеле Чесите, со тоа што самите ги постигнале сите три гола. За водство на Раков автогол си постигнал Нигериецот Мухамед Тиџани, а потоа два гола за Славија постигнал Холанѓанецот Мик ван Бурен. Црвениот картон за играчот на Раков бил поништен штом натпреварот продолжил, па Полјаците доиграле комплетни, а Папаниколау бил заменет на полувремето.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе