Суперкомпјутерот на Facebook ќе биде најбрз во светот

Матичната компанија на Facebook, Meta Platforms Inc, ја заврши првата фаза на развој на нов суперкомпјутер.

Членови на истражувачки тим создале нов суперкомпјутер наменет за истражување на вештачка интелигенција, соопшти компанијата. Оттаму веруваат дека истиот ќе биде завршен кон средината на 2022 година и ќе биде најбрз во светот.

Во објавата на блогот на Meta пишува дека новиот AI Research SuperCluster (RSC) ќе овозможи компанијата да развие уште подобар суперкомпјутер наменет за истражување на вештачка интелигенција. Би можеле да се користат бројни карактеристики, да работи на повеќе стотина јазици и истовремено да анализира текстови, фотографи и видеоснимки за да се утврди дали содржината е штетна.

На суперкомпјутерот експертите работеле две години. Се верува дека може да им помогне во развој на уште поквалитетни софтвери базирани на технологија на вештачка интелигенција. На пример, би овозможиле поквалитетен надзор на говор на омраза во објавите на социјалните мрежи.

„Освен што сега ќе придонесе за безбедноста на корисниците на нашите услуги, туќу ќе придонесе и за нивната безбедност во иднина, додека го создавате метаверзумот“, објави компанијата на блогот.

Компанијата објави дека развива нова алати за виртуелна реалност. Според пишувањето на CNN, наскоро може да почне со развој на нови системи на вештачка интелигенција како симултани преводи за поголема група луѓе кои зборуваат на различни јазици, што е еден од можните начини за примена на овој високософиситициран уред.

Remote video URL
реклама

Хардвер

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more

Кој доминира на пазарот на графички процесори со вештачка интелигенција?

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе