СЗО: Зголемeна нееднаквост во пристапот до вакцини против COVID-19

Нееднаквоста во пристапот до вакцини против коронавирусот меѓу богатите и сиромашните земји „се зголемува“ и станува „гротескна“, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.

– Во јануари изјавив дека светот е на работ на катастрофален морален неуспех ако не се преземат итни мерки за да се обезбеди правична распределба на вакцините против коронавирусот. Имаме средства да го избегнеме тој неуспех, но шокантно е колку малку е направено за да се спречи тоа, нагласи Гебрејесус на прес-конференција.

Според него, јазот помеѓу бројот на вакцини испратени во богатите земји и бројот на вакцини преку механизмот Ковакс се зголемува и секој ден станува се повеќе „гротескно“.

Меѓународниот механизам Ковакс, основан од СЗО, има за цел оваа години да обезбеди дози за 20 проценти од населението во речиси 200 земји и територии низ светот, а вклучува механизам за финансирање на 92 загрозени земји.

– Земјите кои моментно вакцинираат помлади, здрави, ниско ризични луѓе против COVID-19, го прават тоа на штета на животот на здравствените работници, возрасните лица и другите ризични групи во останатите земји. Сиромашните земји се прашуваат дали богатите земји навистина го мислат она што го зборуваат кога се однесува за солидарност. Неправедната дистрибуцијата на вакцините не е само морален гнев, туку е и економски и епидемиолошки самоуништувачка, истакна шефот на СЗО.

Според него, некои земји се натпреваруваат да го вакцинираат целото свое население, додека други држави немаат ништо.

– Тоа може да овозможи краткорочна безбедност, но тоа е лажно чувство на безбедност, додаде Гебрејесус.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе