Такер Карлсон ја напушти Москва со лет преку Белград – американскиот новинар фотографиран по интервјуто со Путин

Макфакс
/ 08.02.2024 / 10:35

Американскиот новинар Такер Карлсон, кој направи интервју со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, утрово ја напушти Русија од аеродромот „Шереметјево“, со авион на линијата Москва-Белград, пренесува РИА Новости.

На социјалните мрежи се појави фотографија од Карлсон во авионот, наведува руската агенција.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно потврди дека Карлсон се сретнал и разговарал со рускиот претседател Владимир Путин.

Се очекува интервјуто да се појави на страницата на Карлсон на Twitter и неговата веб-страница некаде помеѓу четврток и петок.

URL

„Карлсон има став кој се разликува од другите, тој во никој случај не е проруски, не е проукраински, туку напротив проамерикански. Но, во најмала рака, значително се разликува од ставот на традиционалните англосаксонски медиуми“, рече Песков за тоа зошто Путин му дал интервју на овој новинар.

Такер Карлсон претходно потврди дека дошол во Москва на планирано интервју со рускиот претседател, иако веќе неколку дена е во Русија.

„Тука сум (во Москва) на интервју со рускиот претседател Владимир Путин. Ние го правиме тоа затоа што тоа е наша работа. Ние се занимаваме со новинарство. Наша должност е да ги информираме луѓето“, рече Карлсон во видеото објавено на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека војната во Украина е човечка катастрофа во која загина цела генерација Украинци и дека повеќето Американци не се доволно информирани за тој конфликт.

Според Карлсон, Вашингтон двапати се обидел да го саботира интервјуто, што прес-секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, го негираше.

Во исто време, новинарот објасни дека сопственикот на социјалната мрежа Х, Илон Маск, ветил дека нема да го блокира разговорот со Путин кога ќе биде објавен на таа платформа, пренесува РИА Новости.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Свет

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Read more

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Read more

Како иранскиот претседател го доби прекарот Касапот од Техеран?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more
 

Вести

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе