Тејлор Свифт се врати со синглот „Look What You Made Me Do“
По неколку месеци изолација од јавноста поп-ѕвездата Тејлор Свифт го објави новиот сингл „Look What You Made Me Do“ со кој го најави албумот „Reputation“ што треба да излезе на 10 ноември.
Синглот од синоќа е достапен на Apple Music, Spotify и Tidal, а Свифт на нејзиниот канал на YouTube објави спот со текстот на песната во која порачува: „Старата Тејлор е мртва.“