Telegram го надмина WhatsApp според бројот на корисници во Русија

Платформата Telegram во Русија го надмина WhatsApp според бројот на корисници и стана најпопуларна платформа за инстант комуникација, соопшти денеска руската телекомуникациска компанија Мегафон.

Мегафон, еден од четирите најголеми руски телекомуникациски оператори, објави анализа на сообраќајот на мобилниот интернет, која покажува дека уделот на Telegram пораснал на 63% во првите две недели од март од 48% во истиот период во февруари. Уделот на WhatsApp падна од 48 на 32%, соопшти Мегафон. Просечниот корисник на Telegram троши 101 мегабајти податоци дневно наспроти 26 на WhatsApp.

Telegram е основан од руските браќа Николај и Павел Дуров, кои претходно ја основаа ВКонтакте. Апликацијата Telegram долго време е популарна платформа за информирање на Русите. Скоро сите поголеми медиуми, владини агенции и јавни личности имаат свои канали на таа мрежа.

Неговата популарност „порасна по ограничувањата за пристап до други апликации за комуникација и социјални мрежи“, објави Мегафон, додавајќи дека растот на бројот на корисници е забележан од 24 февруари, денот кога Русија ја започна инвазијата во Украина.

Сопственикот на WhatsApp Meta Platforms е на суд во Русија под обвинение дека е „екстремистичка организација“, па властите активно ја промовираат апликацијата Telegram откако ги забранија странските платформи како Facebook, Instagram и Twitter.

Руската служба за безбедност (ФСБ) денеска повика на „моментна“ забрана на американските социјални мрежи Facebook и Instagram, на првиот ден од судењето за „екстремизам“ во услови кога се зголемува репресијата врз медиумите по инвазијата во Украина.

„Активностите на Meta (матична куќа на Facebook и Instagram) се насочени против Русија и нејзините вооружени сили. Бараме нејзина забрана и итна примена на оваа мерка“, изјави на сослушувањето портпаролот на ФСБ, Игор Коваљевски.

И Државниот обвинител побара забрана на Meta „поради очигледни знаци на екстремистичка активност“. Сепак, тој побара апликацијата за пораки WhatsApp, исто така во сопственост на Meta, да биде исклучена од забраната.

На 11 март Руското државно обвинителство побара Meta да биде означена како „екстремистичка“ организација, со што се отвори патот за забрана на сите нејзини активности во Русија.

Барањето е поднесено по одлуката на Meta да ги олесни правилата во врска со говорот на омраза против руската армија и државниот врв поради инвазијата на Москва во Украина. Државното правобранителство оцени дека Meta ги оправдува „терористичките акции“ и поттикнува „омраза и непријателство“ кон Русите.

Претставникот на Meta пред судот денеска изјавил дека компанијата последователно ги променила своите правила за да спречи „русофобија и повици за насилство“.

Facebook, Instagram и Twitter веќе се блокирани во Русија, каде речиси им е забранет пристапот, освен преку приватна виртуелна VPN мрежа.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Интернет

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе