TikTok за Forbes го потврди она што беше јавна тајна - фактот дека неговите вработени во САД имаат способност да „бустаат видеа за на заедницата да ѝ претстават познати личности и нови креатори“.

Оваа информација е дел од извештајот на Forbes за копчето Heating на TikTok, кое може да се користи за поставување избрани клипови на корисничќките For You страници, со што се зголемуваат прегледите со заобиколување на алгоритмот што наводно го покренува TikTok искуството.
Портпаролот на TikTok, Џејми Фаваза, изјави за Forbes дека зголемувањето на прегледите на одредени клипови не е единствената причина за „heating“. TikTok, исто така, „ќе промовира некои видеа за да помогне во диверзификацијата на искуството со содржината“ (читај: погрижете се вашиот фид да не е целосно составен од еден или два тренда).
Фаваза сугерираше дека TikTok не го прави тоа често, туку само 0,002% од клиповите во фидот For You. Сепак, според интерен документ до кој дојде Forbes, тоа е всушност 1-2% од вкупните дневни прегледи на видеа.
„Промовираните“ клипови немаат ознака дека се бустирани од TikTok, за разлика од рекламите и спонзорираните објави, туку се појавуваат како и сите други клипови што алгоритмот би ги избрал за корисниците.
Веста не е толку изненадувачка бидејќи со години се шпекулира дека TikTok користел ветувања и промовирани содржина за да ги убеди политичарите и компаниите да ја користат неговата платформа. Од друга страна, компаниите, особено оние од музичката индустрија, не кријат дека платформата ја користат за промоција на своите брендови.
TikTok не е единствената социјална мрежа која неприродно ги промовира своите клипови. Facebook наводно покажувал пренапоумпан број на прегледи, но тоа веднаш не го исправил, сѐ со цел да привлече огласувачи и медиумски компании на својата платформа. На крајот платил 40 милиони долари за да ја реши тужбата. Иако не е истото сценарио, клиповите на TikTok имаат вистински прегледи, дури и ако органски не станат вирални, но ефектот може да биде сличен затоа што луѓето мислат дека им оди подобро на TikTok отколку што е во реално.
Тоа исто така значи дека TikTok избира победници и губитници, па креаторите и брендовите можат да изгубат место на нечија For You страница поради некој што има „подобар однос со компанијата“. Forbes тврди дека имало инциденти во кои вработените „грееле“ содржини што не би требало да го прават и на тој начин промовирале клипови од пријатели, партнери, па и лично свои.
Креаторите, исто така, би можеле да изгубат интерес за платформата ако нивните клипови имаат слаба ефикасност во споредба со оние што се бустирани, бидејќи недостатокот на транспарентност на TikTok околу „heating“ го отежнува одредувањето кои клипови органски се искачиле на врвот.
Извештајот доаѓа во момент кога TikTok се соочува со силна конкуренција од платформи како YouTube, кои неодамна почнаа да ги привлекуваат креаторите давајќи им дел од приходите од Shorts, додека Instagram се обидува да им плати на креаторите за Reels. Сепак, и Instagram призна дека отишол предалеку со форсирање клипови.
TikTok има селективен фонд на создавачи и многу ограничен модел за споделување реклами, што може да им даде предност на неговите конкуренти.